Реакција на прес конференцијата на СДСМ во врска со криминалот за превоз на ученици во Општина Струмица
Аболицираниот криминалец Зоран Заев треба да одговара и ќе одговара за коруптивниот грабеж реализиран преку превозот во Општина Струмица. Парите кои на криминален начин ги краде од народот мора да бидат вратени и бегање од одговорноста нема.
Струмица плаќа дупло поскап превоз од едно Токио. Ова е вистината, која денеска ја призна СДСМ и послушниците ангажирани да го перат извалканиот образ на единствениот политичар аболиран за криминал. Втората вистина која СДСМ денес ја потврди е дека фирмата на функционер на партијата, Тритерол Дооел вршела и сеуште врши превоз и ги добива тендерите во Општина Струмица наплаќајќи по нерелно високи цени.
Колку и да се обидува со лаги и манипулации СДСМ да ја измами јавноста, останува фактот дека Тритерол е фирма која добивала релации кои ги наплатува двојно и тројно поскапо во споредба со една Битола.
Дополнително фирмата на функционерот на СДСМ Тритерол добива и други тендери од Општина Струмица во вредност од над еден милион евра. Кога велиме дека Тритерол е фаворит на аболицираниот Заев, мислиме на 10-тина тендери кои оваа фирма ги добива во само еден ден.
ВМРО ДПМНЕ ја разбира нервозата во СДСМ, бидејќи Зоран Заев по којзнае кој пат е повторно жив фатен во криминал. Исто како и во случајот „Глобал“ со кој ја оштети државата за над 8 милиони евра. Исто како и во случајот поткуп во кој барајќи едно евро за себе и Вице-то и едно евро за црквата се обиде да изнуди 200 000 евра од бизнисмен. Јасно е зошто локалниот огронок добил задача за дефокусирање. Сомнежите и доказите за криминал се премногу јасни и очигледни.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев треба да одговара и ќе одговара за коруптивниот грабеж реализиран преку превозот во Општина Стр