Реакција на прес конференцијата на Стефан Богоев од СДСМ

Невистинити и манипулативни се податоците изнесени на прес конференцијата на СДСМ во врска со високото образование, студентскиот стандард и можностите за студирање во земјава. 
Токму во време на актуелната влада, високото образование стана подостапно од било кога во историјата на Република Македонија. Можност за високо образование благодарение на искрените заложби и посветеност на Министерството за образование и наука добија сите граѓани кои имаат желба, афинитети и интерес за стекнување на повисоки знаења и факултетска диплома. Ова е факт кој не може да биде негиран од ниту една манипулација на СДСМ и обид за злоупотреба на студентите во нивните дневнополитички битки.
Студентите и нивните родители се тие кои многу добро знаат дека значително ја намаливме и унифициравме партиципацијата за студирање на државните универзитети. Денес студирањето во државна квота изнесува 200 евра годишно, додека студирањето во квотата со кофинансирање чини максимум 400 евра – за разлика од минатото кога на власт биле денешните опозиционери, кога студентите плаќаа и по 1.200 евра годишно. Овие многукратно повисоки партиципации постоеја во истиот период во кој голем дел од граѓаните поради погубните политики на тогашната владејачка гарнитура предводена од СДСМ, останаа без работа и без никаков семеен приход, а за дефинирање на износ на минимална плата воопшто не ни стануваше збор. 
Денес студентите и студентскиот стандард се еден од врвните приоритети за Министерството за образование и наука. Изграден е систем на стипендирање кој нуди повеќе од 40 различни видови стипендии за македонските граѓани. За дополнително финансиско олеснување, на сите редовни студенти на државните универзитети им е овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај.
На сите студенти на мајчин јазик им се достапни 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на најдобрите светски универзитети, кои може да ги користат во специјализирани читални и во библиотеките. Добија нови лаборатории на факултетите каде студираат. Континуирано се подобруваат и условите за сместување и престој во постојните студентски домови, преку темелни реконструкции на постојните домови, како студентскиот дом Гоце Делчев и преку изградба на нови сместувачки капацитети, како оние во состав на студентскиот дом Стив Наумов. Наскоро започнува и изградбата на два нови студентски домови.
Ова се само дел од мерките, проектите и активностите со кои го унапредуваме високото образование, го олеснуваме студирањето и студентскиот живот. На СДСМ може единствено да му апелираме во иднина му не ги манипулира податоците за политички цели поради важноста на општественото одговорно излагање пред јавноста. Сепак, за своите постапки конечно се одговара пред граѓаните.
  
Токму во време на актуелната влада, високото образование стана подостапно од било кога во историјата на Република Македони

Пронајдете не на следниве мрежи: