Родителите кои одбиваат присилна вакцинација на своите деца се вчудоневидени од тврдењата на одредени здравствени авторитети во државата и нивната неинформираност во врска со користа и штетата од вакцините. Тие за жал, на мошне неразумен начин остануваат на своите тврдења дека користа од вакцините е неизмерна, а штетите од истите не постојат или се занемарливи.Тоа сериозно ја поткопува довербата на граѓаните, кои водени од владината парола “Знаењето е сила, знаењето е моќ“, се потрудија да го зголемат своето знаење околу прашања поврзани со здравјето на своите деца, кои деца и покрај сите достигнувања на модерната медицина се разболуваат се почесто за што како доказ ги приложуваме полните ординации на педијатрите.
На пример, на родителите не им било кажано дека вакцината може да предизвика тешки оштетувања на здравјето на нивното здраво дете. Не им било кажано дека детето може да остане траен инвалид, дека постои можност да развие дијабет и до крајот на животот да зависи од инсулин, дека може да добие воспаление на мозокот или мозочната обвивка, дека дури може и да умре. Знаете зошто тоа не им било кажано? Затоа што секој здраворазумски родител би ја одбил таа вакцина. Но зошто тогаш производителот на вакцината ги напишал сите тие последици во Упатството за употреба на вакцината? Ги напишал за да ги предупреди родителите. Сепак, од причини за нас неразбирливи, родителите не биле предупредени, некој друг во нивно име одлучил дека тие мора да го превземат ризикот на нивното дете да му се случи менингит или парализа или дијабет… Тој друг е здравствениот систем, државата, а од неодамна и Уставниот суд на РМ кој се стави над Уставот.
Дали некој им кажал на тие родители дека тој тежок ризик го превземаат за нивното дете да биде заштитено од детските болести додека е дете, но дека може да ги добие тие исти болести како возрасен со многу потешки последици, зошто дејството на вакцината е ограничено на максимум 10 години?
Затоа ние сега јавно прашуваме, кој се осмелува да одлучува за нас и нашите деца? Кој се осмелува да одлучува за нашето здравје и живот кое ни припаѓа нам и само нам, со самиот чин на раѓање? Кој се осмелува да се става над нас, на местото на Господ?
Дали тој што вели дека вакцината е лесно боцкање и дека медицината е денес отидена многу напред, знае дека не постои посуров и поварварски чин од вакцината каде во чист и здрав детски организам со игла се вбризгува коктел од вируси, жива, алуминиум, абортирани човечки ткива, клетки од бубрези на мајмуни, супстанци кои предизвикуваат стерилитет и уште многу други отрови, се во името на заштита на тоа дете од најобични ДЕТСКИ болести како што се сипаници и заушки или пак заштита од болести кои веќе не постојат.
Дали тој што тврди дека колегата од В.Британија кој ја открил поврзаноста помеѓу вакцините и аутизмот е во затвор, понекогаш го освежува своето знаење или само дава паушални коментари со кои повторно се лаже и ја манипулира јавноста? Ние, како подобро информирани родители, чувствуваме должност да ја информираме јавноста дека тоа не е точно, и дека Dr. Andrew Wakefield и неговото испитување кое потврди дека ММР вакцината е директно поврзана со појавата на аутизам кај децата се целосно потврдени како точни со уште 28 други студии и многу судски одлуки во САД и Италија. Денес, научници и доктори од многу други врвни институции не само што ги потврдија наодите на Wakefield, туку изнесоа и нови докази кои ја поткрепуваат неговата студија. Тоа што Andrew Wakefield доживеа дискредитација пред 10 години, е само опомена до сите оние кои ќе се осмелат на било каков начин да се спротистават на моќните фарматевтски картели. Денес Wakefield работи како директор на Autism Media Channel и е основач на непрофитна истражувачка фондација – Strategic Autism Initiative (SAI).
Дали тој што вели дека во светот се работи “по принцип на докази изведени од медицински проверени и вистински докажани ситуации“ знае дека само 15% од сите изведени студии за вакцини се објавуваат во јавност? Дали само овој податок сам по себе не буди сомнение кај нашата здравствена јавност?
Дали некој ја информирање нашата јавност дека “експертите“ за аутизам кои ги донесоа кај нас немаат ниту еден стручен труд од оваа област објавен во светски релевантен медицински часопис, а еден од нив е дури ОРЛ специјалист?
Дали можеби се претерува со подценување на нашата интелегенција?
И за крај, им порачуваме на нашите здравствени работници, без обзир дали работат во превентива, во примарна, секундарна или терциерна здравствена заштита да ги обноват, освежат и во согласност со новите испитувања во светот, да ги изменат своите застарени информации во врска со вакцините и соодветно да ги информираат родителите, со што ќе ја вратат довербата во здравствениот систем кај сите кои денес се прашуваат, за кого и во чија корист работат тие здравствени авторитети.
Додека ова не се случи, “антивакционото“ движење кај нас нема да стивне.
* Реакцијата е пренесена во целост и без никакви интервенииТоа сериозно ја поткопува довербата на граѓаните, кои водени од владината парола “Знаењето е сила, знаењето е моќ“, се потрудија да го