Реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на радиодифузната такса

Мултимилионерот Зоран Заев не знае да направи разлика меѓу 6 и 7 милиони евра бидејќи нему еден милион евра не му значи ништо, а сега наводно е загрижен за радиодифузната такса.Mултимилионерите од СДСМ ги ограбија граѓаните во време на криминалната транзиција.
            Мултимилионерите од СДСМ затворија 684 фабрики и оставија 200 000 работници на улица.
            На мултимилионерите од СДСМ тогаш око не им трепна што 200 000 семејства останаа без егзистенција. Катастрофата која СДСМ ја направи тогаш создаде такви последуици кои до ден денес се чуствуваат.
            Денес состојбите се подобрени и различни од очајот и мизеријата кои тие ја креираа во македонската економија. Денес БДП е двојно повисок во споредба со времето на СДСМ, денес извозот е зголемен, креирани се дополнителни 150 000 нови работни места и невработеноста од рекордните највисоки 39% се намали на 25,5%.
            Токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет превземаше мерки со цел да се надминат последиците кои ги остави катастрофалното владеење на СДСМ и мултимилионерите кои ги создаде оваа партија. Една од тие мерки беше и отписот на долгови со кое им се избришаа старите доспеани долгови на илјадници семејства во државата. СДСМ можеби не сака да се сеќава на тоа, но граѓаните тоа го знаат и затоа својата поддршка ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа е опцијата која се грижи за сите, а особено за оние кои се финансиски и социјално послаби.
            СДСМ сега е соочена со очај. Гледаат дека не им поминува нивното лицемерие меѓу граѓаните, па мораат да пишуваат вакви манипулативни соопштенија. Затоа СДСМ сега ветува брда и долини, а кога имаа можност нешто да направат за народот се криеа во своите кабинети и салони однесувајќи се како елита.
            Граѓаните му ја паметат многу добро неспособноста  на СДСМ. Затоа граѓаните нема да им ја дадат својата поддршка ниту на следните избори на 24-ти април, па ако сака СДСМ и да излаже дека Зоран Заев лично ќе им ги плаќа сметките на граѓаните.
            Денот на народниот суд се ближи. СДСМ ќе се соочи со реалноста на 24-ти април.Mултимилионерите од СДСМ ги ограбија граѓаните во време на криминалната транзиција.
         &

Пронајдете не на следниве мрежи: