СДСМ надвор од секоја здраворазумска логика продолжува да биде против реновирањето на старите и изградбата на нови студентски домови.СДСМ упорно се бори против подобрувањето на стандардот кај студентите.
СДСМ е против намалената партиципација за студирање, против новите читални, против таблет уредите и лаптопите. СДСМ е против преведените 1000 наслови од кои се учи на врвните универзитети во светот. СДСМ е против мерките за вработување на млади лица со кои за само неколку месеци се вработија 11.000 лица.
Пред неколку дена СДСМ застана и против тоа студентите да се возат бесплатно во градскиот јавен превоз.
СДСМ јавно застана и против проектот „Купи куќа за млади“ со кој на млади лица до 35 години им се овозможуваат одлични услови за да изгради свој сопствен дом.
И додека ВМРО-ДПМНЕ цело време работи и се труди да го подобрува квалитетот на живот кај младите, СДСМ цело време се занимава со пишување безлични соопштенија во кои пласира тези на работ на здравиот разум дека сега не бил момент да се реновираат студентските домови и да се градат нови, дека сега студентите не заслужувале бесплатен превоз, дека сега не е време да им се намали партиципацијата од 1400 на 200 евра.
И од СДСМ, многу е. Затоа рејтингот им е мизерни 14,7% и има тренд на опаѓање, во споредба со 33,3% за ВМРО-ДПМНЕ.
Народот тоа го гледа. Народот тоа го знае. Затоа СДСМ е во паника. Меѓутоа, манипулациите и деструктивната политика нема да пројдат.
На 24 април за само 125 дена СДСМ ќе биде казнет 10-ти пат по ред.СДСМ упорно се бори против подобрувањето на стандардот кај студентите.
СДСМ е против