Реакција на соопштението на СДСМ што се однесуваше на Здравствен дом Скопје

СДСМ продолжува со манипулации и лаги во здравството.СДСМ повторно срамно се изгуби во сопственото незнаење.
СДСМ пишува за некаква поликлиника во Бутел. Ако експертите за здравство на СДСМ излезат од централата на Бихаќка и прошетаат до објектите за кои пишуваат, ќе дознаат дека во Бутел нема поликлиника туку амбуланта во која се реновирани санитарните јазли и фасадата во 2012 година.
Но експертите за здравство на СДСМ немаат време да излезат на терен и да дознаат за што пишуваат. Зафатени се со зголемување на бројот на мртви доенчиња и намалување на бројот на специјализанти со цел здравството да е на нивото на кое тие го оставија – опустошено.
Во општина Бутел успешно функционира амбуланта, која обезбедува услуги од примарна здравствена заштита за деца од 0 до 6 години, се вршат вакцинации, систематски прегледи, фукционира лабораторија и во неа работат доктори-концесионери, како и еден матичен стоматолог.
Здравствениот дом Скопје спаѓа меѓу најуспешните јавни здравствени установи во државата каде постојано се инвестира во кадар, опрема и реконструкција, со посебен акцент на зајакнување на специјалностите во оваа ЈЗУ која обезбедува услуги за огромен број жители од градот Скопје и околината.
Само со последниот оглас на Министерството за здравство за преземање доктори-специјалисти од приватни во јавни здравствени установи, оваа установа  е зајакната со 32  доктори-специјалисти од повеќе различни области.
Со оваа мерка се отворија нови кабинети во рамки на поликлиниките во Драчево, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, работење во две смени, а со тоа се намали времето на чекање за преглед и паралелно зголемување на бројот на извршени здравствени услуги.
Со преземањето на специјалисти од ПЗУ во ЈЗУ се зајакна втората смена во сите поликлиники и дополнително отворањето на овие 18 нови кабинети.
 
Во рамки на поликлиниката Јане Сандански за првпат е пуштен во употреба апарат за компјутерска томографија, а беше промовирана и нова апаратура за третирање калцификати.
Набавен е и доплер ехо кардиограф, доплер за периферна циркулација, апарат за страбизам, ЕMG – со сите овие апарати во Здравствен Дом Скопје се обезбедуваат нови услуги за уште поголем квалитет на здравствените услуги.
Сега во Здравствениот дом ќе се работат нови дијагностички процедури со што значително ќе се редуцира бројот на упатувања кон повисоко ниво на здравствена заштита.
Изминатите 3 години се изврши сериозно зајакнување на поликлиниките што се најодалечени од централното градско подрачје (Драчево, Ченто и Ѓорче Петров), а реализирани се повеќе санации во следниве објекти на Здравствен Дом Скопје – амбуланта Арачиново, Автокоманда, Кучевиште, Карпош, Драчево.
Вложено е и во реновирање на делови од поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански, Ѓорче Петров , Идадија, Чаир и Ченто, поликлиника МВР, поликлиниките Бит Пазар и Ченто.
Во тек на 2014 година комплетно е реновирана поликлиниката Букурешт, а во тек на оваа година комплетно е реновирана амбулантата во Волково, додека во завршна фаза е изградбата на нова амбуланта Миладиновци.
Оваа ЈЗУ секоја година бележи пораст на бројот на услуги кои ги дава и граѓани кои пристапиле до овие служби бидејќи со обуките на докторите, со новата опрема, со новите кабинети гo подобруваме здравствениот систем.
Доказ за успешната работа на Здравствен дом Скопје се и резултатите од последната анкета според која над 80% од испитаните пациенти се задоволни од услугата на докторот и медицинската сестра и 98,6 % се задоволни од љубезноста на лекарите, 81% се задоволни од работата на шалтерските работници.
Доказ за елементарното непознавање на СДСМ се нивните соопштенија. Доказ се и деветте порази на СДСМ по ред. За 136 дена доаѓа и десеттиот.СДСМ повторно срамно се изгуби во сопственото незнаење.
СДСМ пишува за некаква поликлиника во Бутел. Ако експертите за здравство на СДСМ из

Пронајдете не на следниве мрежи: