СДСМ се скара и со Потпретседателот на САД, Џо Бајден.СДСМ не може да се помири со фактот што претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски имаше средба со Потпретседателот на САД Џо Бајден.
СДСМ мисли дека се може да се купи со пари.
СДСМ мисли дека и Вице Заев ако собере доволно евра по принципот „евро за партијата, евро за Вицето“, може да си купи средба кај Џо Бајден, потпретседателот на САД, заменикот на Барак Обама.
Ова тврдење на СДСМ не само што е срамно и инфантилно, туку е и навредливо за институцијата Потпретседател на САД.
СДСМ мисли дека вториот човек во најсилната држава во светот има тарифник каков што имаат нивните советници од „Канвас“ и „Раскин и Хант“.
СДСМ треба да им соопшти на граѓаните колку ги плаќа советниците од Србија, сценаристите на протестите и на деструктивната кампања? Колку чини советувањето од Срѓа Поповиќ, Бендер и Шчекиќ кое залудно го добиваат Заев и СДСМ?
СДСМ не може да се помири дека ниту сценариото на „Канвас“ за протестите, ниту дебелите суми кои ги плаќаат на скапите сеачи на магла од „Раскин и Хант“, како што ги нарекуваат во Србија најновите советници на Заев, не вродија со плод.
СДСМ не може да се помири дека и покрај истурените стотици илјади евра на „Канвас“ и „Раскин и Хант“, ефектот е нула, исто како и резултатот на СДСМ од целото деструктивно сценарио кое го спроведува со години.
На крајот на денот, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 33,3%, а на СДСМ 14,7%.
Рејтингот на Заев падна за рекордни 30% за само 4 месеци и е мизерни 5%.
Со пари, лаги и манипулации не може да се купи ниту средба со вториот човек на најсилната земја во светот, ниту довербата на најобичниот човек, граѓанин на Република Македонија.
Со лаги и манипулации само се редат порази. Досега СДСМ има забележано 9 порази по ред. На ред е 10-тиот, за точно 100 дена, на 24 април.СДСМ не може да се помири со фактот што претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски имаше средба со Потпретседателот на САД Џо