Реакција на соопштението на СДСМ за квалитетот на воздухот

Недостатокот на воздух кај СДСМ е директно поврзан со ефектите на нивните фашистички предлози за Законот за медиуми.СДСМ не може да дише поради воздухот кој го загади нивната тоталитарна реторика.
Затоа СДСМ сака да се зборува за се, само не за нивната срамна политика која резултира со мизерен рејтинг на нивниот лидер и 2:1 сооднос во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ покрај ова треба да одговори и што воопшто преземале за подобрување на квалитетот на воздухот кога имале прилика за тоа.
СДСМ треба да каже зошто со прст не мрднале нивните министри и градоначалници.
Зошто не смогнале сили барем да постават мерни станици за да се знае квалитетот на воздух во градовите?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патекиmво должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше
комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клиничкиmцентар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух иmМинистерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е иmmлабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Битката за подобрување на квалитетот на воздухот ја продолжуваме и понатаму. Ќe продолжи и после 24 април кога ќе завршат ваквите манипулаторски политики на СДСМ.
За 143 дена народот ќе му пресуди на СДСМ 10-ти пат по ред.СДСМ не може да дише поради воздухот кој го загади нивната тоталитарна реторика.
Затоа СДСМ сака да се зборува за се, само не за нивна

Пронајдете не на следниве мрежи: