Изминативе денови СДСМ води личнa кампањa против мене која е целосно неоснована и само покажува колкав е очајот и безидејноста на опозицијата.Обвинувањата кои СДСМ ги пласира се неточни и измислени.
Мојата сопруга е Американка и ангажирана е во МНР во 2008 година кога ниту сме се познавале, ниту сме биле заедно, ниту ми била сопруга. Кога стапивме во брак продолжи да ја извршува работата која ја имаше дотогаш во МНР.
Во МНР на РМ е ангажирана откако претходно неколку години работела во Европскиот парламент во Брисел, како и неколку години во приватниот сектор во САД.
Нејзиниот имот е јавно достапен, а обвинувањата на СДСМ се за тековни месечни примања кои се одвивале транспарентно, преку редовна трансакциска сметка.
Исто така, мојата сопруга веќе една година не е ангажирана во МНР.
Ги замолувам пишувачите на изјави и соопштенија во СДСМ да бидат коректни и да не го спуштаат нивото толку ниско. Воедно им посакувам среќа на семеен и личен план.
Нашите политички битки и кампањи се една работа, а сосема друга работа е да се удира кон жена која не е во дневната политика и не е дел од битките во кои секојдневно учествуваме.Обвинувањата кои СДСМ ги пласира се неточни и измислени.
Мојата сопруга е Американка и ангажирана е во МНР во 2008 годи