Владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение за медиумите реагираше на денешниот извештај на Фридом хаус. Во соопштението партијата вели дека „очајот на СДСМ како се ближат изборите станува се поочигледен.“„СДСМ ниту има понуда, ниту има програма, ниту пак конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа единствениот излез од партијата го гледаат во одработувањето на невладините организации.
Тоа покажува колку СДСМ го потценува сопствениот народ и сопствената држава. Граѓаните јасно ги видоа недемократските капацитети на СДСМ. Во последната година видоа како СДСМ ги злоупотребува ресорите на МВР и МТСП за безобразна партизација, како предлага фашистички закони за медиуми, како нејзиниот аболициран лидер отворено бара по едно евро за Вицето од секоја трансакција на струмичките фирми, како активисти на СДСМ напаѓаат се закануваат и кршат медиуми“, се вели во соопштението.
Партијата додава дека во извештаите на Фридом Хаус не бил наведен ниту збор од недемократските и тоталитарните вредности на СДСМ и бандата околу Зоран Заев, што е очекувано.
„Фридом Хаус е финансирана од СОРОС и нејзините извештаи ги пишува и базира исклучиво на мислењето на соросовите платеници од бандата на Милчин кои се инсталирани како кукавичко јајце во граѓанскиот сектор во Македонија. Граѓаните ваквите провидни сценарија на СДСМ и Соросовите инсталации одамна ги имаат прочитано. Затоа девет изборни циклуси по ред ги казнуваат на избори. Така ќе биде и на 5 јуни, по десети јубилеен пат по ред“, се вели во соопштението. „СДСМ ниту има понуда, ниту има програма, ниту пак конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа единствениот излез од партијата г