Деструктивната и некрофилска политика на СДСМ/Сорос секојдневно доживува порази и целосно е прочитана од страна на граѓаните. СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги осудува ниските обиди да се политизира невидената природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби.Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите.
Клеветите на СДСМ дека институциите не функционирале или дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата се навреда кон сите професионалци, полициски службеници или војници кои деноноќно работат во кризниот регионот.
Очигледен и безброј пати е потврден фактот дека СДСМ/Сорос нема капацитет конструктивно да работи во интерес на граѓаните. За нив се е гола политика и борба за власт, вклучувајќи и ваква трагедија од која е потресена целата држава.
Надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население ќе остане прв приоритет на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ остава СДСМ да продолжи да тоне во деструкцијата и ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани. Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување.
Нема граѓанин кој не е гневен на деструкцијата која што СДСМ постојано ја демонстрира и раководството на партијата најдобриот одговор за сопствената политика ќе го добие на претстојните избори.
Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваа