Згрозени сме од видеото кое беше објавено на некои медуми каде јасно се гледа дека вработени во Ј.П. „Нискоградба“ од Охрид испуштаат фекалии директно од канализацијата на градот во Охридското Езеро.И сè ова се случува во момент кога Охрид SOS секојдневно апелира за важноста на Охридското Езеро, за ендемичните и ретки видови флора и фауна кои таму живеат и колкаво значење има неговото зачувување.
Секој грам човечки фекалии содржи отприлика 100 милијарди бактерии, кои може да содржат разни вирози, паразити и други микроорганизми опасни за животната средина и луѓето. Самиот процес на разградување на фекалиите значително го намалува кислородот во водата, што за некои видови може да биде кобно. Ако земете како пример колку е чувствителен екосистемот во еден обичен слатководен аквариум, каде и најмалата промена на PH вредноста на водата може да ги разболи рибите и останатиот жив свет во аквариумот, само замислете какви последици може да има испуштањето на поголема количина човечки фекалии во езерото.
Охридското Езеро е еден огромен и во светот редок екосистем, толку важен што се наоѓа на листата на заштитени локации под УНЕСКО. Испуштањето фекалии во водата нема да предизвика последици само за живиот свет во водата, ќе предизвика последици и за инсектите кои ја пијат водата, за птиците кои се хранат таму, а без нив езерото нема да постои. Истата таа вода секако влијае и на плодноста на околното земјиште па последиците ќе ги почувствуваат и луѓето кои се дел од тој екосистем.
Со порастот на глобалните температури светот е соочен со значително намалени водени ресурси, а ние сакаме да уништиме огромно тело на вода кое нѝ го дала природата.
Бараме санкции за Ј.П. „Нискоградба“ Охрид и за сите идни вакви активности кои му се закануваат на опстанокот на Охридското Езеро. Зошто со сила да уништуваме нешто кое светот нѝ го признава за природно богатство, наместо да си го чуваме и наголемо да го промовираме!?
Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOSИ сè ова се случува во момент кога Охрид SOS секојдневно апелира за важноста на Охридското Езеро, за ендемичните и ретки видови флора и фаун