Во врска со предлогот на Солунскиот Митрополит Антимос, нашата земја да се вика „Република Пелагонија“ или „Република Скопје“, Претседателот на Македонската Алијанса, Г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го изјавува следното:“Македонската Алијанса најостро ги осудува најновите провокации од Солунскиот Митрополит Антимос.
Очигледно е дека продолжува праксата, различни општествени чинители во Грција да го злоупотребуваат спорот со името на нашата Татковина Македонија за внатрешни политички потреби на нашиот јужен сосед.
Земајќи предвид дека Антимос реагира на ставовите на новата Грчка Влада за наводниот нивен
проактивен однос кон спорот за името, сметаме дека е неопходно официјална Атина на чело со новиот Премиер Алексис Ципрас веднаш да се огради од ваквите изјави на Антимос. Во спротивно, Македонската Алијанса, ваквото неодговорно однесување на високиот претставник на Грчката црква, ќе го смета за координирано со Грчката Влада, со оглед на фактот дека министерката надлежна за Македонија и Тракија, Мариа Колиа Царуха и митрополитот Антимос, пред една недела имаа средба, по која соопштија дека се против сложено име кое ќе го содржи името Македонија.
Ваквите провокации, радикални изјави и враќање кон некои минати времиња не придонесуваат кон градење на добрососедски односи.
Македонската Алијанса смета дека Светиот Архерејски Синод на Македонската Православна Црква треба јавно да ги осудат провокациите на Солунскиот Митрополит Антимос.
Македонската Алијанса, во името на македонската дијаспора ќе продолжи и понатаму посветено да се бори за заштита на вековното, историско име на нашата древна Татковина Македонија и секогаш ќе застанува на патот на сите ирационални и иредентистички ставови кои го оспоруваат Македонскиот идентитет и ја блокираат иднината на Република Македонија. ““Македонската Алијанса најостро ги осудува најновите провокации од Солунскиот Митрополит Антимос.
Очигледно е дека продолжува праксат