Реализирана обврската на општина Центар: Ноќеска поставен нов споменик и тоа на Пјетар Богдани

Доцна синоќа во Скопје пристигна споменикот на христијанскиот католички свештеник, писател и поет од средниот век Пјетар Богдани.Кој е Богдани?
Пјетар Богдани се смета за најистакната фигура на старата албанска литература. Живеел од 1630 до 1689 година. Тој прв напишал проза на оригинален албански јазик. Богдани е човекот кој се образувал и долго работел како свештеник во денешна Италија, поточно во Рим, Венеција и други градови. Одреден период од својот живот престојувал и во Скопје.
Тука чичко му бил главен католички свештеник, за градот Скопје. Богдани го наследил својот чичко и станал католички свештеник, а и Архиепископ на Скопје во 1677-ма година.
Неговиот споменик беше завршен во леарница во јули 2013-та година. Но, остана подолго време таму поради самоволието и инаетот на првиот човек на општина Центар. Споменикот не се носеше во Скопје и не се поставуваше бидејќи Андреј Жерновски не знаеше како да го постави, затоа што вети дека во неговото време нема да се поставуваат  нови споменици. Жерновски се плашеше од реакциите, а се поставува и прашањето дали градоначалникот воопшто знае за каква личност станува збор.
Градоначалникот на Центар, дополнително беше исплашен дека владејачката партија ВМРО-ДМПНЕ ќе го критикува дека се работи за личност, поврзана со албанската историја.Ако се разгледа неговата биографија, личноста нема апсолутно ништо контроверзно во однос на Македонците и затоа немаше потреба од ваков страв.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ  неодамна со сооопштение го охрабри да го постави споменикот и му посочи дека оваа партија нема ништо против Албанците во Македонија. Ги почитува како свои сограѓани, а споменикот со ништо не ги повредува чувствата на македонскиот народ.
Тоа што Жерновски до пред една година јавно зборуваше дека тој нема да постави ниту еден споменик во Центар, е дел од неговиот карактер и никој во тој поглед не е изненаден. Општина Центар доцна по полноќ во услови на пороен дожд, кога нема никој низ скопските улици, тајно го постави својот прв споменик на почетокот на четвртата година од мандатот на Жерновски.
Тој е познат како Пјетро Богдано, и е најоригинален писател на почетокот на литературата во Албанија. Тој е автор на Cuneus Prophetarum (Групата на пророците), 1685 година. Роден е во близина на Призрен околу 1.630, се школувал во традициите на Католичката црква на која тој ја посветува цела негова енергија.
И неговиот чичко е значајна личност за Скопје. Богдани Андреа (1600-1683) бил архиепископ на Скопје. Се школувал во Бугарија, а потоа студирал во илирскиот колеџ Loretto во близина на Анкона.  Од 1651-1654, тој служел како парохиски свештеник и 1654-1656 студирал на колеџот на Пропаганда во Рим, каде што дипломирал како доктор по филозофија и теологија. Во 1656, тој бил именуван за епископ на Скадар, позиција на која се одржал дваесет и една година, а исто така бил назначен за администратор на Архиепископијата на Antivari (Бар) до 1671.Кој е Богдани?
Пјетар Богдани се смета за најистакната фигура на старата албанска литература. Живеел од 1630 до 1689 годин

Пронајдете не на следниве мрежи: