Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес на социјалната мрежа Фејсбук објави дека распишан е тендер за Сопиште – Говрлево во должина од 8 километри. Реконструкцијата на овој пат е на барање на граѓаните при теренската посета на Груевски на општина Сопиште во септември минатата година.-При посетата на Општина Сопиште и средбите со граѓаните кои ги имавме во месец септември минатата година, беше побарано, а еве и сега се реализираат постапките за изградба на патот Сопиште – Говрлево. За таа намена, по изработката на проектот, пред неколку дена се распиша и тендер за обнова на патот во должина од околу 8 км за што ќе бидат инвестирани околу 550 илјади евра. Тендерската постапка трае до 22-ри април по што ќе се одбере градежна фирма која ќе започне со реконструкцијата на регионалниот пат. Во меѓувреме во општината Сопиште во тек е изградба и на фекална канализација за Сопиште и Сончев град и одведување на отпадните води низ општините Аеродром и Кисела Вода, инвестиција вредна 4,9 милиони евра. Со овој проект ќе се помогне на околу 130 илјади жители од овие општини. По завршување со изградбата на канализацијата, веднаш ќе почнеме и со реконструкција на остатокот од регионалното поврзување. Остануваме блиски до народот и во исполнувањето на потребите кои ќе значат подобар живот за граѓаните, пишува Груевски на Фејсбук.-При посетата на Општина Сопиште и средбите со граѓаните кои ги имавме во месец септември минатата година, беше побарано, а еве и сега се реализира
Пронајдете не на следниве мрежи: