РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Леб од маслинки кој ќе ве маѓепса

Овојпат ви предлагаме да ја пробате оваа мирисна и вкусна фокача со маслинки којашто ќе ви го разубави не само овој ден, туку и целиот живот!Потребни состојки:
● 550 гр брашно● кесичка сув квасец● 5 супени лажици маслиново масло● 1 мала лажичка шеќер● 350 мл вода● 1 мала лажичка сол● 10 зелени маслинки со пиперче● 3 лажици ајвар● 1 гранче рузмарин● 3 лажици стопен путер● крупна морска сол
Подготовка:
Измешајте ги брашното, сувиот квасец, солта и шеќерот, а потоа постепено додавајте по малку вода, со постојано мешање. Измесете мазно тесто коешто не се лепи за рацете, обликувајте го во топка и оставете го во покриена чинија додека да нарасне. Кога тестото ќе го удвои волуменот, премесете го уште еднаш, додадете го ајварот, а потоа оставете го да нарасне уште еднаш, околу 20 минути.
Развлечете го во облик на елипса, ставете на тавче и додадете ги маслинките со пиперка. Гранчето рузмарин изгмечете го и наизменично втиснете го во тестото. На крајот, премачкајте ја фокачата со стопениот путер, наросете со крупна сол и печете во загреана рерна на 200 степени, додека да порумени.
Добар апетит!Потребни состојки:
● 550 гр брашно● кесичка сув квасец● 5 супени лажици маслиново масло● 1 мала лажичка

Пронајдете не на следниве мрежи: