Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак воздупшест и мек одвнатре.
Потребно ви е:
500 грама полубело пченично брашно
10 грама сол
10 грама инстант квасец
370 милилитри ладна вода
масло
Подготовка:
Земете една округла тава или две тепсии, од кои едната ќе е подлабока.
Брашното, солта и квасецот измешајте ги во еден сад, па во смесата додадете 3/4 вода, и повторно мешајте. Кога тестото ќе почне да се формира во круг, додадете го остатокот од водата. Матете ја смесата со миксер од 5 до 6 минути, се додека тестото не стане нежно и лесно.
Префрлете го тестото во сад во форма на круг и покријте го со крпа. Оставете да отстои и чекајте околу еден час, додека смесата не се зацврсти.
Работната површина намрсете ја, па на неа ставете го тестото, но бидете внимателни. Тестото поделете го на 4 или 5 помали парчиња. Од секое со дланките обликувајте мали багети и редете ги на тепсија која претходно сте ја прекриле со хартија за печење. Тепсијата завиткајте ја со пластична кеса или најлонска фолија и оставете тестото да стаса еден час.
Рерната загрејте ја на 220 степени, а на дното не рерната не заборавајте да ставите една подлабока тепсија која треба да се грее.
Кога багетите ќе стасаат, посипете ги со брашно, направете неколку резови на нив и ставете ги во рерна.
Загреаната тепсија на дното наполнете ја со вода, за да испушта пареа додека се пече лебот.
Печете 25 минути, се додека мини багетот не добие златна боја.
Изладете го лебот и уживајте!
Добар апетит!