Рецепт за вашиот омилен десерт – макаронс со малини

Овој десерт го излуде целиот свет! Макаронсите во сите бои брзо и лесно станаа омилениот десерт на сите дами.Затоа, за вас припремивме одличен рецепт со кој би можеле и сами да уживате во вкусните колачиња кога и да посакате. 
Потребни состојки:
• 2 белки
• 80 гр. мелени бадеми
• 120 гр. шеќер во прав
• 50 гр. ситен кристал шеќер
• прехранбена боја или малку какао
Ганаж од бела чоколада со лимон и портокал
• 100 гр. бела чоколада
• 30 мл. слатка павлака
• малку сок од лимон
• прстофат изрендана кора од лимон или портокал

Припрема:
1. Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав.
2. Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сè додека не добиете цврста смеса.
3. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадете малку црвена прехранбена боја или сок од малини.
4. Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри.
6. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови.
7. Испечените колачите наполнете ги со фил по желба: ганаж од бело чоколадо, карамел, фил од лимон – спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате.
Ганаж со лимон и портокал:
Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сè додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот.
 
Затоа, за вас припремивме одличен рецепт со кој би можеле и сами да уживате во вкусните колачиња кога и да посакате. 
Потребни сост

Пронајдете не на следниве мрежи: