Можеби многумина прават гибаница на овој начин, а можеби и не. Но, она што е специфично за овој начин за правење на гибаница е што секогаш успева.Состојки:
500 грама готови кори
500 грама ситно сирење
3-5 јајца
1 филџан јогурт
1 филџан кисела вода (може и обична вода со две мали лажички прашок за пециво)
½ филџан масло
1 малечка лажичка сол
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе сад во кој претходно ќе ставите хартија за печење.
2. Подгответе прелив:
Измешајте ги јајцата, јогуртот, водата, маслото и солта во еднолична смеса. Прво малку ќе ги изматите јајцата, а потоа ќе ги додадете останатите состојки.
3. Се става една кора на работната површина и рамномерно се става малку ситно сирење. Преку ова се става друга кора и повторно се прави истото, па се додава третата и сѐ така додека на се истрошат кората и сирењето.
4. Тогаш корите се свиткуваат во ролат со мали засеци на десет еднакви делови. Некои тоа го прават со растојание од два прста и излегуваат 10 парчиња. Потоа, со остар нож ќе ги исечете парчињата. Како што ќе исечете парче, така го ставате во садот за печење. Наредете ги сите парчиња едно покрај друго во два реда ако садот е долгнавест. Ако садот има форма на круг, тогаш парчињата ги редите наоколу и завршувате во средина.
5. Внимателно ставете од преливот на парчињата, така што секое парче ќе добие исто количество прелив, за подоцна сите подеднакво да испаднат сочни.
6. Печете околу 40 минути, или пак сѐ додека гибаницата не порумени.
Пријатно јадење!Состојки:
500 грама готови кори
500 грама ситно сирење
3-5 јајца
1 филџан јогурт
1 филџан