Пицата е омиленото јадење за многумина, но таа може да биде и многу калоричен оброк. Со мали кулинарски трикови, пицата можете да ја трансформирате во диетално јадење во кое ќе уживате без грижа на совест.Во продолжение, ви претставуваме рецепт за пица без класично тесто, која содржи само 300 калории.
Потребни состојки:
• 800 гр. изрендан карфиол
• 1 јајце
• 100 гр. изрендана моцарела
• 1 парче цела моцарела
• пасирани домати
• оригано или босилек
• сол по желба
Начин на подготовка:
Тесто:
1. Изрендајте го карфиолот, ставете го во микробранова печка или на пареа 3 минути за да омекне, а потоа префрлете го во поголем сад.
2. Додадете едно јајце, изренданата моцарела и сол по желба и добро промешајте.
3. Во тава ставете хартија за печење, а на неа ставете ја претходно подготвената смеса.
4. Распоредете ја со помош на лажица и обликувајте ја во круг, да изгледа како тесто за пица.
5. Ставете го тестото да се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 30-40 минути или додека не добие златножолта боја.
Фил:
1. Пицата извадете ја од рерна и премачкајте ја со пасираните домати.
2. Исецкајте ја моцарелата на ленти, распоредете ја на пицата и додадете ги зачините.
3. Вратете ја пицата во рерна и печете на 220 степени околу 15 до 20 минути.
4. Извадете ја пицата, исечете ја на парчиња и послужете ја топла.
Во продолжение, ви претставуваме рецепт за пица без класично тесто, која содржи само 300 калории.
Потреб