На денот на смеата и шегата – 1 ви април, во ТЦ Рамстор ќе се одржи вториот по ред екомаскенбал во организација на Пакомак и Рамстор. На овој уникатен маскенбал поканети се да учествуваат сите млади креативци од градинките и основните училишта од околината на Скопје, а нивна задача е со помош на својата детска фантазија да изработат оригинални маски од амбалажата на производите кои секојдневноо ги употребуваат (материјали кои се рециклираат).
Во подготовката на маските може да се употребуваат амбалажи од кутии, списанија, тетрапак-пакувања, лименки, шишиња, тегли, фолија за пакување и сл, а за најуспешните дела се обезбедени интересни награди.
Темата на овој маскенбал е „Рециклираме и се маскираме“, а учесниците на натрепварот можат да се пријават најдоцна до 31 март на инфопултот на ТЦ Рамстор. На 1 април во 14 часот, жири комисијата ќе ги избере најдобрите екомаски и тоа во 2 категории на учесници – деца од 3 до 9 години и деца од 9 до 14 години. Во секоја од овие категории ќе бидат доделени следниве награди – велосипед, ролерки и скирол. По доделувањето на наградите, забавата ќе продолжи со најпопуларните детски песнички.
„Овoj настан е продолжување на нашата практика на поддржување на еколошки настани и акции кои вклучуваат деца и нивна едукација. Екомаскенбалот е одлична можност за тоа дечињата преку маскирањето во своите омилени јунаци од филмовите или пак различните ликови од секојдневниот живот, да ја разбудат својата креативност и имагинација, но истовремено и да учат за тоа како правилно да го селектираат и рециклираат отпадот. За најкреативните еко-маски обезбедивме супер награди, прилагодени за нивната возраст. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат дечињата ќе бидат оние што ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители и на возрасните.”- изјавија од Пакомак.
„ 1-ви Април е еден од најубавите празници, кога градските улици просто маѓепсуваат со весели и насмеани детски лица, кои уживаат безгрижно со своите колоритни и инвентивни маски, па сакавме ова волшепство да го пренесеме и во нашиот трговски центар. Бидејќи како компанија постојано се заложуваме за тоа младите рационално да размислуваат за животната околина во која живеат и да се грижат за животната средина, во соработка со Пакомак, повторно се одлучивме за организирање на голем екомаскенбал и еко-концепт за изработка на маските. Се надеваме дека поовторно ќе имаме едукативни, забавни и инвентивни маски, а преку поттикнувањето и поддржувањето на креативното размислување, ќе успееме да испратиме еколошки едукативни пораки заедно со децата- изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор мол центарот.
Пакомак и Рамстор Мол ве покануваат да се дружите и забавувате на 1 април!На овој уникатен маскенбал поканети се да учествуваат сите млади креативци од градинките и основните училишта од околината на Скопје, а нивна задач
Пронајдете не на следниве мрежи: