Во текот на летниот период основните училишта и општина Гази Баба правземаа активности за реконструкција и санација на објектите со цел подобрување на условите за учење на сите ученици.Во ООУ Кирил и Методиј се направи целосна реконструкција на училиштето.
Во ООУ Крсте Мисирков се асфалтираше патеката во должина од 60м која води кон паркингот, и се изврши комплетно варосување на целото училиште.
Во ОУ Дане Крапчев се санираа санитарните чворови.
Во ООУ 25 Мај се реконструираше целосно старото училиште и се опремија 15 кабинети со нови проектори а 10 кабинети се опремија со нови клупи и столчиња, и училниците се целосно снабдени со надгледни средства потребни за тековна настава.
Во ООУ Н.Н. Борче во н.Маџари се санираа санитарните чворови.
ВО ООУ Наум Охридски во н.м Црешево и во н.м Булачани се санираа санитарните чворови.
Во ООУ Григор Прличев во н. Железара се поставија настрешници на влезната врата во училиштето.
Во ООУ Стив Наумов се заменија дрвените прозорци со ПВЦ прозорци и се реконструираше дел од оградата околу училиштето.
Во ООУ Вера Јоциќ се направи санација на плафоните, олуците и се адаптираше уште една просторија во училница.
Во ООУ Крум Тошев се поставија нови врати и олуци а во најскоро време ќе ја заменат и оградата на училиштето.
Во ООУ Његош е променет дел од кровот и ставени се нови ПВЦ прозорци.Во ООУ Кирил и Методиј се направи целосна реконструкција на училиштето.
Во ООУ Крсте Мисирков се асфалтираше патеката во должина од 60м кој