Реконструкција на сите болнички одделенија во градската болница во Прилеп

Во прилепската болница „Борка Талески” моментално се реализира реконструкција на сите болнички одделенија, за чија успешна реализација се издвоени 70 милиони денари.ВМРО-ДПМНЕ како партија која работи транспарентно за интересите на граѓаните, покажа дека преку континуиран процес на реформи, инвестиции и подобрувања, целосно се промени сликата на македонското здравство. Тоа го покажува најрелевантиот показател за функционирање на здравствените системи во Европа, европскиот здравствен потрошувачки индекс, каде Македонија постојано бележи напредок (од 27 место во 2013 година, на 16 место во 2014 година), што е мотив плус да продолжат инвестициите во оваа област.
Во прилепската болница „Борка Талески” моментално се реализира реконструкција на сите болнички одделенија, за чија успешна реализација се издвоени 70 милиони денари. Воедно, ве потсетуваме дека ова е прво реновирање на градската болница од нејзиното постоење уште од 1980 година. Досега се реконструирани сите одделенија, освен ортопедско одделение и операционите сали чија реконструкцијата треба наскоро да започне.
За потребите на граѓаните на Општина Прилеп но и пошироко, извршена е набавка на медицинска опрема во висина од 11.000.000 денари, со што значително се подобри услугата  во Општата болница „Борка Талески”. Во одделенијата на рентген, интерно и урологија, набавени се три ехо доплер апарати. За операционата сала на гинекологија, набавен е оперативен стол со сателит светло. Воедно набавени се пет пациент монитори и еден апарат за анестезија. Како исклучително значајна е набавката на новиот дигитален мамографкој беше и повеќе од потребен. Со негово ставање во функција се реши уште еден проблем на прилепчани. 
Градската болница е редовно обезбедена со сите потребни лекови, медицински потрошен материјал, средства за хигиена, мазут кои придонесуваат болницата да работи без никаков проблем. Со тоа е овозможено пациентите да ја добиваат потребната здравствена заштита во услови какви што заслужуваат. 

Покрај реконструкцијата на одделенијата и набавката на нови апарати, постои значително подобрување и на кадровски план. Од септември па до денес, вработени се вкупно 12 лекари, од кои шест ќе започнат со специјализација овие денови. Исто така 18 лекари веќе започнаа со својата специјализација, од кои три се наоѓаат во Белград.
Сите овие инвестиции, сите овие проекти, значително го подигнаа квалитетот на услугите во здравството благодарение на посветената работа на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ги чувствуваат придобивките од ваквиот начин на работа, затоа што делата говорат повеќе од зборовите. Затоа народот на 11 декември уште еднаш ќе му ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за нови инвестиции, поддршка за развој на Република Македонија!ВМРО-ДПМНЕ како партија која работи транспарентно за интересите на граѓаните, покажа дека преку континуиран процес на реформи, инвестиции и подобру

Пронајдете не на следниве мрежи: