Реконструкција на училишта

Летниот период во основните училишта се користи за реновирање и реконструкција на просториите внатре во училиштата, обнова на санитарните јазли, средување на надворешниот простор и фискултурните сали.За да види како течат активностите, градоначалникот Тони Трајковски направи посети во ООУ „Крсте Мисирков“ и во ПООУ „Наум Охридски“ во Црешево.
Во ПООУ „Наум Охридски“ во Црешево  поставена е термоизолирана фасада, поставени се симсови на стариот дел од училиштето а  цоклето на училиштето  е обложено со природен камен, со што ќе се овозможи поголема енергетска ефикасност во училиштето.

Во ООУ „Крсте Мисирков“  во тек се повеќе градежни активности. Изработена е фасада на целото училиште со стиропор и истото е офарбано, заменети се прозорци во неколку  училници, а во тек е длетување и молерисување на училниците и на ходниците.

Во дворот на училиштето направени се патеки и летниковец, изработен е зид и ограда околу дворот, како и поставени се врати на главниот влез во училштето и на паркингот.
Исто така, во тек е и реконструкција на фискултурната сала на училиштето.

За да види како течат активностите, градоначалникот Тони Трајковски направи посети во ООУ „Крсте Мисирков“ и во ПООУ „Наум Охридс

Пронајдете не на следниве мрежи: