Во завршна фаза е реализацијата на проектот за асфалтирање на локалниот пат од селото Брајчино преку Љубојно до патот Макази Маркова Нога.Во завршна фаза е реализацијата на проектот за асфалтирање на локалниот пат од селото Брајчино преку Љубојно до патот Макази Маркова Нога.
На градежните активности присуствуваше Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски кој се запозна со динамиката и очекувањата за завршување на овој проект со кој ќе се подобри животот на локалното население но во исто време ќе даде и допринос кон зголемување на капацитетите за развој на селски туризам во овие потпелистерски преспански села.
Инвеститор на овој проект кој предвидува асфалтирање на локалниот пат во должина од околу 4000 метри и ширина на коловоз од 4.5 метри и тампонирани банкини од 0.5 метри е Јавното Претпријатие за Државни Патишта. Средства кои се предвидени за реализација на овој проект се во висина од 13 000 000 денари.Во завршна фаза е реализацијата на проектот за асфалтирање на локалниот пат од селото Брајчино преку Љубојно до патот Макази Маркова Нога.