Рекорден број патници на македонските аеродроми – раст од 22,5%

Рекорден бројот на патници на македонските аеродроми. Во првата половина од годината превезени се над милион патници што е зголемување од 22,5% споредено со истиот период лани.Од јануари до јули услугите на скопскиот аеродром ги искористиле 933 илјади патници што е раст за 20,4%, додека охридскиот имал над 75 илјади патници што е пораст од близу 56%.
Ресорниот министер Мисајловски очекува трендот да продолжи со оглед на субвенциите за авиолинии, како и зголемениот број на туристички посети за кои државата исто така дава финансиска поддршка.
-Многу е значајно за економијата, а од друга страна и многу поволни цени добиваат граѓаните да одат до сите држави, да ги користат услугите и бенефициите на сите компании. Ако пред десет години сме почнале со 15, секоја година се зголемуваше бројот на дестинации и тоа значи дека сме на добар пат и ќе продолжиме со вакви мерки и поддршка од Владата, рече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски во изјава за Сител.
Најчести дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.
Во следните месеци се очекува воспоставување на две нови линии, меѓу Скопје и Доха и Скопје и Хановер.Од јануари до јули услугите на скопскиот аеродром ги искористиле 933 илјади патници што е раст за 20,4%, додека охридскиот имал над 75 илјади патни

Пронајдете не на следниве мрежи: