четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рекордна загаденост во Аеродром- Лисиче: Неверојатни 854 ПМ 10 честички

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претставници од неколку невладини организации кои се залагаат за спречување на алармантното загадување на воздухот во Скопје вечера, со посебен апарат, Мет Оне, извршија мерење на загаденоста на воздухот на повеќе локации во градот, објави вечерва порталот Призма.Најголемо загадување се покажа во Аеродром во 22 часот – дури 854 микограми ПМ 10 честички на кубен метар, што е за 17 пати повисоко од максимално дозволените 50 микрограми.

Во населбата Лисиче пак, мерењата се движеа околу 500 микрограми, што е за 10 пати над дозволениот просек.
Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека воздухот мириса на изгорена пластика и дека во Аеродром и во Лисиче видливоста е намалена.
 
 Најголемо загадување се покажа во Аеродром во 22 часот – дури 854 микограми ПМ 10 честички на кубен метар, што е за 17 пати повисоко од

Поврзани вести