Рекреативниот Центар Починалиште во Ресен забрзано се гради со цел истото да биде ставено во функција до лето за да може граѓаните на Ресен и околината час поскоро да ги искористат можностите што ова рекреативно место ќе ги нуди во иднина.- ова го изјави Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , кој денеска заедно со Директорката на Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион г-ѓа Емилија Ѓероско беше во посета на градилиштето каде се изведуваат градежните работи во близина на Ресенскиот Средношколски Центар ''Цар Самоил''.Со реализација на овој проект се очекува локалитетот да овозможи повеќенамеска програма за спорт,забава и рекреација за сите возрасни групи. Поконкретно со овој проект се уредуваат следните содржини:реконструкција на ракометно и кошаркарско игралиште, нивно осветлување и поставување на огради во висина од 4 метри, изградба на тротоари, изградба на детски забавен парк со различни содржини, изградба на два современи видиковци ,изградба на скали , поставување на урбана опрема од типот на клупи и канти за отпадоци , реконструкција на пешачка патека во должина од 700 метри, хортикултурно уредување, изградба на парковски чешми, целосно осветлување на локалитетот, реновирање на ресенскиот амфитеатар и изградба на паркинг простор.
Носител на проектот еу Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион , преку Агенцијата за Финасиска подршка на земјоделието и руралниот развој и неговата вредност изнесува околу 5 200 000 денари со вклучено кофинасирање од страна на Општина Ресен од околу 800 000 денари – изјави Директорката на Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион г-ѓа Емилија Ѓероска.Со реализација на овој проект се очекува локалитетот да овозможи повеќенамеска програма за спорт,забава и рекреација за сите возрасни групи. Поконк