Релативно слаба магла низ котлините

Магла низ котлините, но релативно слаба, може да се очекува наутро, но истата ќе биде и релативно краткотрајна. На повисоките места, пред се во источниот регион наутро и претпладне ќе биде релативно сончево.Во текот на денот постепено ќе се зголемува облачноста, па во попладневните часови речиси насекаде низ земјава ќе имаме облачно време.
Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер.
Минималната температура нема многу да се разликува во однос на среда, но затоа ќе има осетен пад на температурата, пред се на повисоките места, објави Метеопро.мк.
Дијапазонот на вредности на максималната температура ќе биде од 4°С до 7°С, односно до 10°С во гевгелискиот регион. На повисоките места само до 3°С.
Во скопскaтa котлина наутро очекуваме сосема слаба магла, потоа следи наоблачување. Минимална температура околу 1°С, а максимална до 5°С.Во текот на денот постепено ќе се зголемува облачноста, па во попладневните часови речиси насекаде низ земјава ќе имаме облачно време.

Пронајдете не на следниве мрежи: