Ременски и Спасовски – олицетворение на аматеризам

Нема ден да помине, а да не се соочиме со политички аматеризам од невидени размериповрзан со работата на вештачки и противуставно инсталираните високи функционери на СДСМ во т.н. техничка Влада на РМ. Труд и социјала како и МВР веќе не личат на сериозни министерствакакви што би требало да бидат, и какви што реално беа до доаѓањето на позиција на двата лика кои можат да се оквалификуваат како национален срам во делот на раководењето на овие два органа.Без разлика дали ќе ги анализираме потезите на Ременски или на Спасовски еден е заклучокот-овие два лика се олицетворение на аматеризам, сопствена изгубеноство работниот простор и непознавање на работните обврски предвидени во прописите на ресорите со кои раководат. Најеклатантен пример на таква изгубеност во позицијата видовме во вчерашната акција на припадниците на полициските сили во Арачиново, Матејче и Слупчане под директна наредба на министерот Оливер Спасовски.
Без да навлегувам во срамните детали по кои оваа акцијаќе остане запаметена посебно меѓу професионалците во полицијата, нејзината вистина е навистина поразителна. Акцијата која по зборовите на Спасовски не била акција, туку обична теренска превенција ја извлече на површина целата искомплексираност и залутаност на овој лик во МВР. Цела среќа е што вчера немаше човечки жртви од страната на полициските сили, иако малку фалело и тоа да се случи.
Она што заслужува одговор од страна на залутаниот лик е која е причината за давање наредба за покренување на речиси цел полициски арсенал во акција што тој самиот рече дека не ја сметал за акција, и што сакал Спасовски да покаже со така организираната неакција и кому. Вчерашниот изговор дека се работело за превентивни активности на терен го дозакопа Спасовски кој наместо да смисли поинтелигентна причина ја доисфрли на површина целата глупост што еден функционер може да ја поседува.
Иако не заслужува никакво посебно внимание и навлегување во детали што Спасовски мислел, а што всушност, направил, сепак во интерес на безбедноста и сигурноста на македонските граѓани добро е искомплексираниот министер да прими еден добронамерен совет за да не ги повтори во иднина истите катастрофални грешки кои само ја девалвираат полицијата и професионалните полициски  сили. Вчера професионалците во МВР, но и македонските граѓани се срамеа од Спасовски. Вчера професионалните полициски сили на дело видоа со кого си имаат работа и што можат да очекуваат од овој неискусен лик залутан во безбедносните лавиринти.
Иако некои сметаат дека вчерашните  вознемирувачки акции имаа за цел Спасовски да запише барем еден поен вопразното министерско портфолио, вистината е многу попоразителна. Вчерашната акција можебиимаше мал контекст со запишување прв поен на контото на Спасовски, но целата вистина е содржана во лошата проценка на состојбата на терен како и исклучително аматерската тактичко-оперативната замисла на сценариото кое можеше да донесе многу загуби во редот на полициските сили. Пред да се случине дај Боже уште една ваква “акција” го замолувам Спасовски да престане со раководните импровизации во МВР, бидејќи МВР не е игра камај камај која во СДСМ им е очигледно најомилена партиска занимавка, туку исклучително сериозен ресор за кој очигледно Спасовски не е дораснат.
Ако веќе инсистираш да преземаш “превентивни активности” со ставање на целиот клучен полициски арсенал во функција, тогаш барем тоанаправи го пософистицирано и без театралност, секако со цел зачувување на животите на професионалците кои не се родени да ти служат тебе Оливер и да бидат твое топовско месо, туку се во функција на одбрана на сигурноста и безбедноста на македонската држава и граѓани. МВР памети многу лидерски акции.
Потребно е Спасовски да посети брзи обуки за лидерство во полицијата. Преку нив овој лик ќе може да ги научи сите детали како се организира лидерска акција. Обучувачите ќе може и лично да ги праша како професионалните кадри пред него успешно се справија со приведување на познати терористи во одбрана на македонските интереси. Оливер, не е срамота да ги прашаш Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Митко Чавков и други врвни професионалци како се изведува превентивна, а како вистинска оперативна акција во интерес на одбрана на суверените вредности на Република Македонија. Прашањата нема да ти ја симнат круната од глава, а ќе ја поштедат македонската држава од глупостите што од незнаење ги правиш на терен.
Проф.д-р Тања Каракамишева-ЈовановскаБез разлика дали ќе ги анализираме потезите на Ременски или на Спасовски еден е заклучокот-овие два лика се олицетворение на аматеризам, сопствена

Пронајдете не на следниве мрежи: