Ременски измислува и фабрикува афери

Фросина Ташевска Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика не ја крие добиената задача, а тоа блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Нејзините обвинувања без поткрепа се обична клевета и манипулација.Ова се наведува во реакцијата на кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов во врска поднесената кривична пријава на Ременски против него и вработена службеничка на пробна работа во Министерството.
За месец и половина откако е назначена за функцијата, стои во реакцијата, Ременски не покажа интерес за ниту еден проект напротив огромен број на проекти се закочени поради нејзините смислени опструкции.
– Ременски направи застој на решавање на 230 предмети за помалку од 60 дена кои не ги реши во законскиот рок. Невидено лицемерие и понижување на граѓаните е да обвинува за она што самата го прави а тоа е нерешавање на предметите. Криејќи се позади бесмислени соопштенија, јавноста сеуште чека одговор од техничката министерка зошто свесено дозволи претседателката на комисијата за труд и социјална политика при СДСМ, Мила Царовска да се претставува лажно како државен службеник и службено лице во министерството. Дополнително во неколку постапки, техничката министерка го прекрши Законот за јавни набавки во обид да ги закочи започнатите проекти со што предизвика незадоволство и гнев кај граѓаните, се вели во реакцијата од кабинетот на Спасов.
Фросина Ташевска Ременски, се истакнува во реакцијата, со денешното поднесување на пријава врши уште едно кривично дело-тоа е лажно пријавување. Техничката министерка ја докажа својата неспособност и единствено кое и преостана е фабрикување афери и извршување партиски наредби за поднесува неосновани пријави, стои во реакцијата.Ова се наведува во реакцијата на кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов во врска поднесената кривичн

Пронајдете не на следниве мрежи: