Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски со денешните изјави за медиумите покажа елементарно непознавање на правни процедури, искажа голем број на небулози, невистини и манипулации, стои во реакцијата од кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.Ременски сеуште не може да се помири со фактот дека нејзиното незаконско, несовесно и нестручно работење резултираше со времена мерка за ставање вон сила на незаконските разрешувања на петнаесет директори од институции под министерството за труд и социјална политика. Дополнителниот заменик министер поднесе тужба во рамки на својата надлежност за незаконско работење на техничката министерка и прекршување на аднимистративни процедури, а Управниот суд во рамки на надлежностите донел времена мерка со цел да не настанат дополнителни последици како што е предвидено согласно Закон, се вели во реакцијата.
Во овој случај, се додава во текстот, техничката министерка има забрана да превзема дејствија.
-Со тоа решенијата за разрешување на директорите и именување на в.д. директори немаат правна сила се до потврдување или одбивање на тужбата покрената од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика. Фросина Ременски нанесе доволно на штета на угледот министерството за труд и социјална политика, внесе целосен хаос и ги блокираше проектите во интерес на граѓаните. Уште еднаш ја информираме дека непочитување на судски одлуки и решенија повлекува кривична одговорност.Ременски сеуште не може да се помири со фактот дека нејзиното незаконско, несовесно и нестручно работење резултираше со времена мерка за ставање во