Дурекс амбасадорката Ренната на VEVO каналот на YouTube платформата го промовираше новиот шести сингл „West Side Story“. Песната премиерно ќе биде промовирана и на RadioExpress во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7000 радија во светот.„Песната е за една поинаква љубовна приказна, поточно што ја доживуваме како филмска љубовна приказна. Верувам дека секој од нас ја има оваа „западна приказна” или заслужува да ја има. Емоцијата го доловува чувството на вистинска личност покрај себе, личност која би направила да се почувствуваш посебно, единствено, со голема сигурност и заводливост.
Таков е и самиот звук, попровокативен и сексапилен. Оваа песна доста се разликува од останатите кои ги имам издадено и некако е најмногу по мој вкус. Овој звук ме опишува целосно, се пронаоѓам во целата оваа приказна“, изјави Ренната. Текстот на новата песна е на Ренната, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ. Видео записот за West Side Story се подготвува во моментов од страна на Sky Eye Entertainment, а на музичкиот пазар ќе се пласира за еден месец, каде Ренната ќе биде во поинакво издание, поддржано од светскиот бренд Дурекс.
„Улогата на Дурекс амбасадор ми претставува предизвик пред се заради целата кампања која е за општо добро на сите млади. Целта е да се покрене свеста кај истите за безбедна љубов, нешто што е најважно. Потребно е информирање на младите свесно да знаат како да се заштитат од сите сексуално преносливи инфекции или непланирана бременост. Љубовта е посебно чувство и токму поради тоа треба да се доживее на вистинскиот начин, помеѓу две личности кои знаат како да се грижат еден за друг“, додаде Ренната.
Ренната е првата во регионот која доби VEVO канал што значи вистински престиж во музичкиот свет како платформа што ја користат големи светски музички имиња.
„Песната е за една поинаква љубовна приказна, поточно што ја доживуваме како филмска љубовна приказна. Верувам дека секој од нас ја има оваа