Реновирана амбуланта во Општа болница Куманово

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Општата болница Куманово, каде е комплетно реновирана амбуланта наменета за здравствени услуги на мигрантите, со поддршка од Банката на Советот на Европа и Меѓународната организација за мигранти.Министерот потенцираше дека здравствените власти во целост одговорија на предизвикот со мигрантите. Само во кумановската болница се пружени над 470 здравствени услуги на мигранти, а сега услугите ќе се обезбедуваат во новата реновирана амбуланта.
Тодоров истакна дека во просторот е адаптиран дел и за останатите пациенти, особено за гинеколошки здравствени услуги, каде за првпат во болницата ќе почне да се применува методата колпоскопија за која досега пациентите беа упатувани во Скопје.
Инвестицијата за кумановската болница со поддршка од Банката на Советот на Европа и Меѓународната организација за мигранти е во вредност околу 100.000 евра, во рамки на помошта за справување со мигрантската криза во вредност околу половина милион евра.Министерот потенцираше дека здравствените власти во целост одговорија на предизвикот со мигрантите. Само во кумановската болница се пруже

Пронајдете не на следниве мрежи: