четврток, 12 ноември 2026
Најново

Реновирани Телеком продавниците во Штип и Кичево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Штип, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците . Со реновирањето Телеком продавницата доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.
Освен во Штип, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Кичево. Телеком продавниците во Штип и Кичево после реновирањето овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.
На денот на отворањето на реновираните Телеком продавници во Штип и Кичево, компанијата подготви одлична промотивна понуда при што секој корисник којшто потпиша нов или го обнови својот претплатнички договор, имаше можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Штип, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент

Поврзани вести