Реновирањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ со одлична динамика

Реконструкцијата и реновирањето на Блокот А од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е во тек. 50 % од Блокот А веќе е реновиран, се очекува за следната академски година да биде целосно завршен и студентите да добијат подобри услови за престој. Ова е втор блок од студентскиот дом кој што се реконструира.Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изврши увид во градежните работи и констатираше дека реконструкцијата се одвива со одлична динамика.
-Веќе сме на 50 % од реализација на процесот на реконструкција. Реновирањето од одвива од 14 кат па надолу. Досега сме некаде на половина на студентскиот дом со комплетно реконструирана инсталација за електрична енергија, поставување на парното, поставување на прозорите, гипс картони, истакна Ристовски.
 
Тој посочи дека целиот процес на реконструкцијата е од исклучително значење на студентите кои што треба во следната академска година да ги користат овие простории.
-Убеден сум дека со оваа динамика ќе се запази рокот, крајот на септември месец и овој блок во рамки на СД „Гоце Делчев“ да биде комплетно реновиран, а со тоа и студентите кои што ќе треба да се сместуваат да имаат далеку подобри услови за нивен престој и реализација на студискиот период додека се во рамки на овој студентски дом . Целиот процес околу комплетната реконструкција овде ќе се финализира и со промената на дополнителните два лифта во рамки на овој блок.
Ристовски информираше дека во текот на летниот период сите студентски домови во Скопје ќе добијат нови лифтови.
-Во текот на вчерашниот ден е склучен и договор со компанија која што во текот на летниот период треба да заврши со комплетно реновирање и промена и комплетно нови лифтови да бидат поставени во сите студентски домови онака како што ветивме пред извесен период.  Во текот на летото очекувам да биде комплетно завршен и процесот на замана на сите лифтови во студентските домови во  Скопје, рече Ристовски.
На новинарско прашање во врска со најавените активности за изградба на нови студентски домови, Ристовски одговори дека се наоѓаат во фаза на евалуација на пристигнатите понуди и дека наскоро ќе биде избрана компанија што ќе започне со изградба на двата студентски дома „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје и студентскиот дом во рамки на универзитетот во Тетово.
Директорката на студентскиот дом „Гоце Делчев“ Даниела Темелкова рече дека студентскиот дом располага со сместувачки капацитет за 1.200 студенти, а конкретнот блок А што моментално се реконстуира располага со 314 легла.Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изврши увид во градежните работи и констатираше дека реконструкцијата се од

Пронајдете не на следниве мрежи: