Денеска, во Универзалната сала во Скопје се одржа 12-та по ред Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2014. На Манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура на РМ Елизабета Канческа-Милевска, како и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје, Крсте Ангеловски и претседателот на Сојузот на здруженија на Република Македонија, Драги Аргировски.- За нас пензионерите, ова е една од најзначajните културни манифестации, зашто преку неа нашите членови даваат значаен придонес во зачувувањето на фолклорот на нашава земја кој претставува важен дел македонскиот идентитет. Ова е завршен настан на веќе одржаните 6 низ целата земја, меѓу кои онаа во Берово, Свети Николе, Струга, Ѓорче Петров и други. Овие ревии се само еден мал дел од пензионерските дружења, како што се спортските игри, пикниците, туристичките патувања низ државата и пошироко, а сите овие активности ни овозможуваат да водиме здрав и исполнет живот, насмеани и задоволни во нашето трето доба, истакна Аргировски.
Оваа Ревија која ги обединува активностите на преку 40 здруженија на пензионерите во државата, е од исклучителна важност за пензионерите во Македонија и тоа не само поради придонесот кој го има во зачувувањето на културната традиција, со негување на фолклорот, туку е значајна и поради тоашто дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите. Токму затоа и Министерството за култура оваа ревија ја прогласи за Манифестација од национален интерес за културата на државата.
-Ми претставува огромно задоволство што денеска присуствувам на Републичките ревии на песни, музика и игри, кои ги организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје. Дозволете ми да ја истакнам одличната соработка која Градот Скопје ја има остварено изминатите години со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и тоа преку заемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите. Накратко можам да ги споменам следниве: подобрување на условите за рекреација и дружење на пензионерите во Рекреативниот Центар Катланово, негово реновирање и оспособување за функционирање.
Реновирано е фоајето на одморалиштето, комплетно се обновени ходниците на двата ката, реновирани се бањите во собите на одморалиштето. Во дворот на објектот поставени се клупи и осветлување. Следува обновување на бетонските патеки околу Рекреативниот центар; Организиран групен превоз на пензионери на дестинации на подрачјето на Град Скопје и територијата на Република Македонија; Бесплатен превоз три дена во неделата – вторник, петок и сабота; Бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за инвалидските пензионери; Поддршка на спортски манифестации како што е традиционалниот 13-то Ноемвриски шаховски турнир. Соработката на Градот Скопје со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје продолжува и натаму и тоа преку поддршка во организациското јакнење на Сојузот, односно поддршка за натамошната работа на Сојузот и здруженијата кои се негови членки, рече градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје во рамки на своите можности редовно излегува во пресрет на барањата на пензионерите, ги разгледува нивните предлози, сугестии и иницијативи и работи на решавање на конкретни проблеми, но исто така бара форми и презема мерки кои придонесуваат за збогатување на секојдневниот живот на пензионерите. Град Скопје од Буџетот, за одржување на Манифестацијата одвои околу 26 илјади денари, а ја отстапи и Универзалната сала за реализација на Ревијата.- За нас пензионерите, ова е една од најзначajните културни манифестации, зашто преку неа нашите членови даваат значаен придонес во зачувување