Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2016

Денеска /07.06.2016 година, вторник/ се одржа Републичката пензионерска ревија на песни, музика и игри 2016. На Манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и претседателот на Сојузот на здруженија на Република Македонија, Драги Аргировски.- Големо е задоволството да се биде денеска овде, во Дом на АРМ, на одржувањето на Републичките ревии на песни, музика и игри, кои ги организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје. Оваа манифестација која е плод на заложбите на највозрасната, но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција, е резултат на силната желба, посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално и културно обележје. Сама по себе е значајна и поради тоа што дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите. Токму затоа, имајќи ја во предвид оваа успешна мисија на пензионерите и нивниот придонес во обновувањето и негувањето на културните традиции, Министерството за култура, Републичката ревија ја прогласи за манифестација од посебен национален интерес на културата на нашата држава. Дозволете ми во оваа пригода, да истакнам дека, сум особено горд на одличната соработка којашто  Градот Скопје ја има остварено со Министерството за труд и социјална политика и со  Сојузот на здруженија на пензионери. Соработка која се базира на меѓусебен договор и заемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите.
Накратко можам да ги споменам следниве: Склучување меморандуми за соработка со ЗЕЛС и голем број општини, Подобрување на условите за рекреација и дружење на пензионерите во Рекреативниот Центар Катланово, негово реновирање и оспособување за функционирање; Организирање групен превоз на пензионери на излетнички дестинации на подрачјето на Град Скопје и територијата на Република Македонија; Бесплатен превоз на возрасни лица, четири дена во неделата – вторник, петок, сабота и недела;Бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за инвалидските пензионери; Поддршка во организациско јакнење на Сојузот на пензионери на Град Скопје и здруженијата кои се негови членки;Поддршка на спортски манифестации како што е традиционалниот 13-то Ноемриски шаховски турнир;Поддршка на празнувањето на Денот на пензионерите на РМ. На крајот, би сакал да ја изразам желбата за понатамошна отворена соработка на Градот Скопје со Сојузот на здруженијата на пензионерите, која и во иднина верувам дека ќе резултира со нови и квалитетни проекти и програми –истакна градоначалникот Трајановски.
За нас пензионерите, коишто денеска го славиме големиот јубилеј -70 години од формирањето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија,  ваквите активности се значајни, бидејќи ни го исполнуваат животот и сме задоволни и во нашето трето доба. Годинава на оваа ревија ќе настапат 600 учесници од целата држава, истакна Аргировски.
Градот Скопје во рамки на своите можности секогаш  излегува во пресрет на барањата на пензионерите, ги разгледува нивните предлози, сугестии и иницијативи и работи на решавање на конкретни проблеми.- Големо е задоволството да се биде денеска овде, во Дом на АРМ, на одржувањето на Републичките ревии на песни, музика и игри, кои ги орг

Пронајдете не на следниве мрежи: