Република: Чадорите на „шарените“ подготвени за на плажа

Ла­ни, ефе­ктот на и та­ка пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“ це­лос­но се за­гу­би со до­а­ѓа­ње­то на ле­то­то и на од­мо­ри­те, а ша­ре­на­та бур­леск­на ре­во­лу­ци­ја вле­зе во исти­от пер­и­од. Со­се­ма раз­бир­ли­во е што За­ев и СДСМ ста­ви­ја во пет­та бр­зи­на и на­мет­наа рок од са­мо 11 де­на за ис­пол­ну­ва­ње ред кон­фуз­ни ус­ло­ви. За­пад­ни­от ча­дор ги шти­ти, но ви­стин­ски­те ча­до­ри за сон­це ги пла­шат. И Бри­сел ги до­те­па. Са­каа да му „уго­дат“ на „ча­до­рот“ со ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на про­те­сти пред Со­ве­тот на ЕУ, а тој се од­ло­жи од пред­ви­де­ни­от 20 ју­ни по­ра­ди бри­тан­ски­от Брек­зит. Ста­ти­ва до ста­ти­ва,а во пар­ти­ја­та глас­но одек­ну­ва „тик-так, тик-так“, но не ка­ко нај­а­ва за „бом­ба“…„Ка­ко ќе поз­на­е­те член на вр­ху­шка­та на СДСМ? – По кра­тки­те но­зе, се раз­би­ра! -Ка­ко по нив? –Па на ла­га­та ѝ се кра­тки но­зе­те, а СДСМ еп­тен ја пре­те­ра, За­ев ве­ќе но­си пан­та­ло­ни од вто­ро од­де­ле­ние…“
Ова е са­мо ед­на од мно­гу­те ше­ги на со­ци­јал­ни­те мре­жи со кои Ма­ке­дон­ци­те се под­би­ва­ат со не­кон­зи­стент­но­ста, ла­ги­те и со се­којд­нев­но­то са­мо­де­ман­ти­ра­ње на ли­де­ри­те на СДСМ и на нив­ни­те пу­ле­ни од ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја, за кои се те­ра ше­га­та де­ка освен днев­ни­ци­те за до­а­ѓа­ње на про­тест, се­га им ги пла­ти­ја и каз­ни­те за ху­ли­ганс­тво­то. Нај­го­ле­ма за­бе­ле­шка на си­те оста­ну­ва што За­ев и Ше­ќе­рин­ска са­мо учес­тву­ваа во „до­на­ци­ја­та“ за сво­и­те ша­ре­ни со­пар­тиј­ци. По ло­ги­ка­та на не­шта­та, тре­ба­ше без проб­лем од сопс­твен џеб да пла­тат за ус­лу­ги­те на тие што се­ко­ја ве­чер, освен не­де­ла, се „бо­рат со ре­жи­мот“ и со дру­ги­те ве­тер­ни­ци, пишува Република.
Ва­ка чо­ве­кот поз­нат по ми­ли­о­ни­те од тен­де­ри и „гло­бал­ни­от“ проб­лем и же­на­та пре­поз­нат­ли­ва по „со­ле­на­та“ ки­ри­ја, јах­ти­те и чан­ти­те, да­доа по три ил­ја­дар­ки. Де­на­ри, се раз­би­ра… Нај­го­ле­ма на­вре­да и са­мо­бен­ди­са­но пот­це­ну­ва­ње на ин­те­ли­ген­ци­ја­та на сопс­тве­ни­от на­род, пак, оста­ну­ва се­којд­нев­на­та бур­ле­ска во ко­ја СДСМ из­ле­гу­ва и па­те­тич­но, без срам и пер­де, ја под­др­жу­ва сопс­тве­на­та ква­зи­ре­во­лу­ци­ја, ма­кар би­ла и ша­ре­на, прет­ста­ву­вај­ќи ја ка­ко гра­ѓан­ска.
Та­ка, За­ев и Ше­ќе­рин­ска ве­чер­та на 6 мај, со си­от ум за­ми­наа на про­тест за да ги доз­на­ат ста­во­ви­те на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“?! И до­де­ка си­те се сме­е­ја, тие ги ис­лу­шаа, се про­ше­таа и утре­ден­та ус­ло­ви­ја со си­те нив­ни ша­ре­ни ба­ра­ња, де­мек го слу­ша­ле на­ро­дот. Иа­ко слу­ша­ње­то на гла­сот на на­ро­дот би бил ви­стин­ска про­ме­на и на­пре­док во 25-го­диш­на­та ег­зи­стен­ци­ја на ели­ти­стич­ка­та пар­ти­ја, глав­ни­от проб­лем во про­да­ва­ње­то на ша­ре­на­та па­ро­ди­ја бе­ше по­втор­но тој, ли­де­рот, кој по оби­чај за­бо­ра­ви де­ка де­мек не е за­ед­но со ша­ре­ни­те, па изу­ми и да ка­же – што ако не ги ис­пол­нат ба­ра­ња­та на ша­ре­ни­те со­гра­ѓа­ни…
Та­ка, гор­ди­от ли­дер из­ле­зе на прес-кон­фе­рен­ци­ја и ги со­оп­шти сво­и­те кон­тра­ди­ктор­ни ба­ра­ња, во кои бо­реј­ќи се за „прав­на др­жа­ва“ ка­ко ус­ло­ви ги на­ве­де од­но­сот на Устав­ни­от суд кон СЈО, суд­ско ос­ло­бо­ду­ва­ње на ван­да­ли­те што кр­шеа и бо­е­ја и во втор ред ве­ќе ис­пол­не­ти ус­ло­ви ка­ко из­би­рач­ки­от спи­сок и учес­тво­то во вла­да, одам­на ап­сол­ви­ра­ни пра­ша­ња. Кон­фуз­но­ста на За­ев, се­пак, ја наг­ла­си мо­мен­тот што тој за­бо­ра­ви да ка­же што ако не би­де по не­го­во? За­гу­бен во пре­во­дот или по­ве­ро­јат­но во единс­тво­то на со­ци­ја­де­мо­крат­ско­то све­то или, по­ве­ро­јат­но, ша­ре­но тројс­тво кое ги со­др­жи СДСМ, СЈО и ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја, тој изу­ми да ка­же со што се за­ка­ну­ва.
Раз­бир­ли­во, па пред са­мо 12 ча­са за­ка­ни­те ги со­оп­шти не­го­во­то ал­тер его од ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја – ка­жаа де­ка ќе бло­ки­ра­ат, ра­ди­ка­ли­за­и­ра­ат и што ли не. За­ев за­бо­ра­ви де­ка за јав­но­ста не се ед­но, ту­ку се из­мис­ле­на „на­стра­на гра­ѓа­ни и на­стра­на пар­ти­ја“, ко­ја са­мо ги под­др­жу­ва, па не ни по­мис­ли де­ка е по­треб­но да ка­же – што би би­ло ко­га не би бил ис­пол­нет нив­ни­от без­о­бра­зен ул­ти­ма­тум.
Дла­бо­ко нав­ле­чен на бој­кот, про­те­сти и на ус­ло­ву­ва­ња, СДСМ и се­га уце­ни со вре­мен­ски рок за ис­пол­ну­ва­ње на „гра­ѓан­ски­те“ ба­ра­ња. Да­де 11 де­но­ви за нив­но ре­ша­ва­ње. Ина­ку, се се­ќа­ва­те де­ка и Вла­да­та тре­ба­ше да пад­не за три де­на од об­ја­ву­ва­ње на „бом­би­те“. Фа­моз­ни­от 18 ју­ни, пак, во се­бе ги крие и мо­ти­ви­те за ова раз­у­ла­ве­но ита­ње на пар­ти­ја­та. Чу­му ток­му 18 ју­ни, се пра­шаа ед­но­бој­ни­те гра­ѓа­ни, кои тие ми­лу­ва­ат да ги на­ре­чат сто­ка. Об­јас­ну­ва­ње­то е мно­гу ло­гич­но и про­из­ле­гу­ва од два мо­ти­ва што ги при­ти­ска­ат во дејс­тву­ва­ње­то. Пр­во, Со­ве­тот на ЕУ, на кој ча­до­рот да­ва сѐ од се­бе да ја про­тур­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко без­бед­нос­но пра­ша­ње, тре­ба­ше да се одр­жи на 20 ју­ни, та­ка што ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на 18 ќе бе­ше полн по­го­док.
Та­ка, би му „уго­ди­ле“ и на „ча­до­рот“, кој би ја зел ка­ко од­ли­чен адут кар­та­та де­ка со­стој­ба­та во Ма­ке­до­ни­ја се вло­шу­ва, сѐ за да нѐ ста­ви на дне­вен ред, чин што из­ми­на­ти­те се­дум го­ди­ни од бло­ка­да­та на Гр­ци­ја и ве­то­то во ЕУ по пр­ва­та пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри од ЕК ни­ка­ко не им тек­ну­ва­ше. Но, упс, по­втор­но ста­ти­ва! Ка­ко и сто­ти­ци па­ти до­се­га, СДСМ, се из­ле­та со про­це­на­та. За­ев си ка­жа за да­ту­мот, а по­ра­ди Бри­та­ни­ја и гла­са­ње­то за Брек­зит на 23 ју­ни, Со­ве­тот на ЕУ ја од­ло­жи сред­ба­та за крај на ме­се­цот.
Не би се за­чу­ди­ле се­га За­ев да из­ле­зе и во сопс­твен стил да ре­че де­ка се пре­мис­ли­ле и де­ка нов да­тум за не­ло­гич­ни­те ус­ло­ви е 29, а не 18 ју­ни. Се­пак, по­ве­ро­јат­но е де­ка да­ту­мот е по­вр­зан со друг, по­го­лем страв. И тој од ча­до­ри, ама ви­стин­ски… Оно­ма­то­пе­ја­та на тај­ме­рот што ги от­чу­ку­ва пос­лед­ни­те мо­мен­ти пред де­то­на­ци­ја на бом­ба, ма­кси­мал­но ко­ри­сте­но­то „тик-так, тик-так“ со кое спа­си­те­лот од Мур­ти­но ги нај­а­ву­ва­ше сво­и­те пе­тар­до­ид­ни „бом­би“, се­га е оно­ма­то­пе­ја за пос­лед­ни­те мо­мен­ти на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“.
Се бли­жат лет­ни­те од­мо­ри, а ша­ре­ни­те ван­да­ли по­ка­жаа де­ка мно­гу ми­лу­ва­ат до­бро да од­мо­рат по на­пор­но­то бо­ја­ди­су­ва­ње. Се­кој ви­кенд до­се­га го пра­веа тоа, а се­га по тол­ку труд и енер­ги­ја по­тро­ше­на на ху­ли­ганс­тво и ван­да­ли­зам им тре­ба и по­дол­га по­чин­ка. По мож­ност, обез­бе­де­на од днев­ни­ци­те на до­бро­тво­ри­те, на не­ко­ја пла­жа. Овој не­по­би­тен и до­ка­жан факт ја исп­ла­шил, со пра­во, и вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, ко­ја ќе оста­не и без сто­ти­на­та нај­ре­дов­ни ша­ре­ни мо­ле­ри, а при­ка­ска­та за не­ка­ква си ре­во­лу­ци­ја ќе оста­не са­мо грд спо­мен за дво­ме­се­чен срам на ед­на гнев­на пар­ти­ја ис­пол­не­та со омра­за, ко­ја се оби­де да ја бо­ја­ди­са и пре­бои сопс­тве­на­та исто­ри­ја во оби­дот за вра­ќа­ње на власт. За­луд­но днев­ни­ци­те од 20 евра, се­га до­а­ѓа вре­ме ко­га ќе тре­ба и да се по­тро­шат па­ри­те. Уште по­го­ле­ма па­ни­ка пре­диз­ви­ку­ва мож­но­ста ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ да ја до­жи­вее суд­би­на­та на „бом­би­те“ на За­ев. Не слу­чај­но и две­те се во на­вод­ни­ци. Ка­ква ре­во­лу­ци­ја, та­кви бом­би, не­ли. Ла­ни, ефе­ктот на и та­ка пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“ це­лос­но се за­гу­би со до­а­ѓа­ње­то на ле­то­то и на од­мо­ри­те, а ша­ре­на­та бур­ле­ска вле­зе во исти­от пер­иод. Не слу­чај­ни се и иден­тич­ни­те ефе­кти од две­те не­бу­лоз­ни дејс­тва – „бом­би­те“ ме­сто да го диг­нат, го ур­наа и та­ка ма­ли­от реј­тинг на За­ев и СДСМ, а ан­ке­ти­те по стар­тот на ша­ре­на­та бур­ле­ска го по­ка­жаа исто­то.
То­гаш, „бом­би­те“ ги ис­про­во­ци­ра Ни­ко­ла Гру­ев­ски со прес-кон­фе­рен­ци­ја­та за оби­дот за пуч на За­ев. Ша­ре­на­та „ре­во­лу­циа“, пак, ја ис­про­во­ци­ра Ѓор­ѓе Ива­нов. И по­втор­но, ин­тен­зи­те­тот и ин­те­ре­сот па­ѓа, а ле­то­то не­ми­нов­но до­а­ѓа, нај­а­ву­вај­ќи акут­на ша­ре­на ме­но­па­у­за. Со­о­че­на со овој страв, вр­ху­шка­та во па­ни­ка одре­ди да­тум, кој, со­се­ма слу­чај­но, не­ли, е пред­вес­ник на по­се­ри­оз­ни­от по­че­ток на лет­на­та се­зо­на и аранж­ма­ни­те од 20 ју­ни. За За­ев, Ве­ру­шев­ски и за Ча­у­шот нај­до­бар ча­дор, мо­же­би, е стран­ски­от за­штит­ник, но за ша­ре­ни­те че­да на „ре­во­лу­ци­ја­та“ – не­ма по­до­бар ча­дор од тој на пла­жа во Гр­ци­ја, Мал­та, Шпа­ни­ја…„Ка­ко ќе поз­на­е­те член на вр­ху­шка­та на СДСМ? – По кра­тки­те но­зе, се раз­би­ра

Пронајдете не на следниве мрежи: