Името Македонија е склоп од големи нешта. Содржи историска гордост, вековна традиција и библиска светлина. Во себе ги содржи корењата на раната европска цивилизација и е дел од светската лулка на цивилизациите.Почнувајќи од првата појава на човештвото, проследено со најцврстите праисториски заедници, воздигнувајќи се преку владетелските кралски династии на Хераклидите, римските продори и врвното средновековие, МАКЕДОНИЈА е дефиниција за ВЕЧНОСТ. Сето тоа е сосема доволно за да се оспорува од сето она што е ново.
Обиди за оспорување, заговори и антимакедонски пропаганди се запаметени уште од османлиско, балканските војни, пост светските војни, па се до ден денес. А на сето тоа сме одговарале на многу начини, вклучувајќи го македонското во себе, секогаш кога е најпотребно. Денес, возвраќаме повторно, силно како во минатото, презентирајќи ја Македонија на светот во вистинското светло.
Културата е вистискиот дострел за истакнување на нашето име, а македонската археологија како еден значаен сегмент од неа, е токму таа која денес ни открива зошто отсекогаш се викавме и ќе се викаме МАКЕДОНИЈА! Во изминатиот период се случуваат незапаметени вложувања во македонската археологија. Со воспоставувањето на долгорочната културна политика и приоритетите, се интезивираа археолошките ископувања, а сето тоа се рефлектираше со нови научни сознанија, нови моменти и вистини.
Создадовме момент да се стремиме да културата има големо учество во креирањето на ликот и имиџот на Република Македонија. Особено резултираа спроведените капитални проекти во оваа област, кои ни открија епохални откритија, цврсти прилози кон потврдувањето на нашиот идентитет и нашето постоење.
Се издигнаа несоборливи докази кои светската сцена ги препознава. Се истражуваат стотици археолошки локалитети: Скопска тврдина Кале, Скупи, антички град – Скопје, Билазора – Свети Николе, Таор (Taoresium)- Скопско, Кастелот кај Кожле, Стоби – антички и ранохристијански град, Хераклеја Линкестис, антички и ранохристијански град – Битола, Манастирски комплекс Зрзе – Прилепско, Антички град Стибера (Чепигово, Прилепско), доцноантички и ранохристијански град Баргала- Штипско, Средновековна тврдина Исар-Штип, Виничко кале, доцноантички и ранохристијански град – Виница, средновековна тврдина Цареви кули – Струмица, Кокино, праисториски локалитет и археоастрономска опсерваторија – Куманово, Антигонеа (Градиште) кај Неготино, Тетовско кале – Балтепе, доцносредновековен утврден град, Исар Марвинци – Валандово, Вардарски Рид кај Гевгелија, Китино Кале – Кичево, а во моментот се реализира и еден од најголемите проекти во оваа област „Археолошки катастар“ со кој Македонија станува една од првите земји на Балканот и пошироко каде археолошкото наследство е дигитално геореференцирано врз катастарска основа.
Се истражуваат континуирано и многу други археолошки локалитети. Стотиците наоди од повеќе археолошки локалитети низ Република Македонија на кои се забележува македоската ѕвезда и илјадниците монети од сите македонски владетели ни укажуваат за едно име… МАКЕДОНИЈА! Најновите откритија ги отворија границите на Македонија уште повеќе отколку што претпоставувавме дека е.
Откриени се повеќе монетни наоди од македонските владетели и различни наоди од македонскиот период и тоа во северните делови на Република Македонија. Се воспоставија нови размислувања и толкувања. Археолошките истражувања нема да престанат овде со своите изненадувања. Колку повеќе им посветуваме внимание на археолошките локалитети и наоди толку повеќе посветли моменти се на површината на оваа земја.
Создавањето и издигнувањето на оваа заложба е тежок пат, исполнет со макотрпна работа, посветеност и пожртвуваност. Токму тој пат го изоди Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, македонските археолози, посветувајќи се темелно, допирајќи ги првите вистински успеси. Се поставија црвсти темели за нашата Македонија и тоа врз археолошките наоди.
А за реакциите на СДСМ јас би рекол дека се повторно во стилот на метастазирање врз македонската идеја. Обвинувањата дека се случува „културен инжинеринг“ процес на десловенизација со промоција на антиквизација остануваат во низата на размислувања кои се антимакедонски и се за потсмев. СДСМ жал ми е, но помина времето кога Македонците се кријат зад Карпатите, помина времето на „Ел Дорадо“ за археолошката мафија, заврши времето на отуѓување и продавање на македонското!
Денес со гордост можеме да кажеме дека Македонија е целосно препознатлива културна средина која врз темелите на богатото културно наследство ја гради својата сегашност и иднина под името Репулика Македонија.
Доаѓа моментот за македонското, блеснува сјајот на македонското сонце за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
М-р Владимир АтанасовПочнувајќи од првата појава на човештвото, проследено со најцврстите праисториски заедници, воздигнувајќи се преку владетелските кралски династии н