Републиканците го блокираа гласањето за министер за одбрана на САД

Во американскиот Сенат во четвртокот навечер беше блокирано гласањето за потврдување на именувањето на Чак Хејгел за нов министер за одбраната на САД, а идното изјаснување по овој предлог е планирано за 26-ти февруари, кога се очекува дека и ќе биде прифатен.Со 58 гласови „за“ и 40 „против’, при што речиси сите републиканци гласаа против, предлогот не ги доби потребните 60 гласови да се прекине расправата и да се пристапи кон гласање на Сенатот за потврдување на именувањето на поранешниот републикански сенатор Чак Хејгел во администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама да го води Пентагон.Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Хари Рејд изјави дека Сенатот повторно ќе гласа за предлогот на 26-ти февруари, по враќањето од еднонеделната пауза. Републиканците изразија очекување дека предлогот тогаш ќе мине, откако ќе добијат повеќе време да ја разгледаат номинацијата, со што е отворен патот Сенатот да го потврди именувањето на Хејгел.Со демократите кои го контролираат мнозинството во Сенатот со 55 од 100 претставници, се очекува дека кандидатурата на Хејгел ќе добие поддршка од повеќе од половината сенатори, односно 51 глас, кога ќе биде овозможено гласањето во Сенатот.Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот за напорите на републиканците да го блокираат именувањето на Хејгел за министер за одбрана изјави дека е „без преседан“, и додаде дека и натаму очекува поранешниот републикански сенатор да го добие одобрувањето од Сенатот за преземање на должноста.„Моето очекување и надежи се дека Чак Хејгел, кој и тоа како заслужува за него да се гласа во Сенатот, ќе биде потврден како министер за одбрана“, изјави претседателот Обама одговарајќи на прашањата поставени преку интернет на настанот што го организираше Google+. Очајно е што таквиот вид политика се вмешува кога сé уште водиме војна во Авганистан, додаде Обама.„Денес, републиканците во Сенатот ги поставија политичките мотиви над безбедносните интереси на нашата земја. Првпат во американската историја, републиканците во Сенатот го одложија одобрувањето на кандидат за функцијата министер за одбрана – член на нивната партија, наградуваниот ветеран од војната и неопходен лидер за нашите војници“, се вели во соопштението на портпаролот на Белата куќа Џеј Карни издадено по случувањата во Сенатот.Карни уште нагласи дека поголемиот дел од сенатори ја поддржуваат кандидатурата на Хејгел, како и дека вчерашната одлука е во спротивност, како со мислењето на Сенатот, така и со интересите на земјата.„Губењето време нема да мине без последици. Имаме 66 илјади војници во Авганистан, и ние имаме надежи дека новиот министер за одбрана ќе биде вклучен во донесувањето важни одлуки за тоа како соодветно да се стави крај на војната. Следната седмица САД ќе разговараат со сојузниците на ниво на министри за одбрана за процесот на трансферот на одговорноста за безбедноста во Авганистан, а нашиот следен министер треба да биде таму. Кога станува збор за секвестрација, која му се заканува на Пентагон, ние мора да име министер“, изјави Карни.„Поради националната безбедност време е да се престане со игрите со нашето министерство за одбрана во политички цели и да се почне придвижување напред без да одолговлекување или да се кочи. Дозволете да се гласа за кандидатурата на нашиот воен херој и дајте им на нашите војници министер за одбрана, кој тие го заслужуваат“, додаде портпаролот на Белата куќа.
МакфаксВо американскиот Сенат во четвртокот навечер беше блокирано гласањето за потврдување на именувањето на Чак Хејге

Пронајдете не на следниве мрежи: