Денес во Струмица на иницијалниот работен состанок од имплементацијата на Проектот за реставрација на сливот на Струмичка Река, Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски одржа презентација пред присутните градоначалници од Источниот регион и други инволвирани институции на тема: Искуства и добри практики во соработката со УНДП при имплементација на проекти за реставрација на екосистеми.Присутните, на работниот состанок покажаа голем интерес за искуството што го има Општина Ресен во спроведувањето на партнерски проекти со УНДП, при што, главен акцент беше ставен на практичните начини на надополнување во проектните активности кои имаат за цел, од една страна подобрување на состојбите со животната средина, а од друга страна, во исто време и подобрување на квалитетот на животот на локалните заедници.
На присутните градоначалници и претставници на локалната администрација од Ново Село, Босилово, Конче, Радовиш, Струмица и Василево им беа презентирани начините на кои општината може да се стави во функција на реализација на меѓународни проекти кои имаат еколошки карактер.
„Задоволство е да се пренесе нашата заедничка успешна приказна која ја реализираме заедно со УНДП во Преспа и истата е добро да биде искористена како основа за развој на проекти и во другите региони на нашата држава, при што, на повеќе начини е признаена и улогата која општината во последните години претставува достоен и доверлив партнер на една меѓународна институција како што е УНДП“- истакна во оваа прилика Градоначалникот Стрезовски.Присутните, на работниот состанок покажаа голем интерес за искуството што го има Општина Ресен во спроведувањето на партнерски проекти со УНДП, при