Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Јан се согласува со ставот на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека нема потреба од одложување на изборите закажани за 24-ти април согласно првичниот договор.Ова може да се забележи од ретвитот на Хан на социјалната мрежа Твитер, каде е пренесена изјавата на Ахмети по средбата со Хан во која одговарајќи на новинарско прашање дали е можно одложување на изборите за еден или два месеци, нагласи деке не смета оти има простор за тоа.
Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.
Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список до 24 април и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.
Премиерот Груевски изјави дека Хан ги информирал дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април. Хан рече дека опозицијата мора да партиципира на изборите.
-Во вистинска и функционална демократија имате Влада и силна опозиција. Во Европа, било каде и да се случеле политички проблеми и кризи биле поради слаба опозиција. Па така за да имате функционална демократија мора да ги имате двата елементи: добра функционална Влада, но и силна и посветена опозиција, рече Хан.
На својот твитер профил еврокомесарот напиша дека и покрај финалната одлука на политичките партии тие ќе обезбедат поддршка за фер избори.
-Каква и да биде конечната одлука донесена од страна на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат демократски фер избори, напиша Хан.
Ова може да се забележи од ретвитот на Хан на социјалната мрежа Твитер, каде е пренесена изјавата на Ахмети по средбата со Хан во која одговарајќи