Светскиот и познат бренд Scholl пласираше уште еден нов и револуционерен производ на македонскиот пазар. Се работи за познатиот Velvet Soft, електричен апарат за пети кој за неколку минути со помош на својот дијамантски ролер ефикасно се справува и ја отстранува тврдата кожа на петите.Апаратот Velvet Soft има дијамантски кристали и е многу лесен за користење, дури и повеќепати во денот. Според светските истражувања над 85% од луѓето го сметаат за многу покорисен од останатите производи, а 84% посведочиле дека е и пријатен за користење.
„Scholl е бренд кој што е пионер во најиновативните решенија за нега на стапалата и чии производи многу често претставуваат дури и медицински препарати. Комбинацијата на практичен пристап до честите појави на стапалата и напредните научни откритија, ги направија овие производи неопходни и задолжителни за секого, маж или жена и присутни во сечиј дом. Дополнителна предност на овие производи е што се дизајнирани за лесна и едноставна употреба, што уште еднаш го потврдува и последниот производ од лабораторијата на Scholl, апаратот Velvet Soft“, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, официјален дистрибутер за Македонија.
Scholl е светски бренд со 100 годишна традиција, кој е секогаш на врвот со својот квалитет кога станува збор за производите што овозможуваат подобро здравје, грижа и нега за стапалата. Оваа иновативна компанија во своето досегашно постоење, вкупно има развиено повеќе од 1000 производи за негата на стапалата.
Апаратот Velvet Soft има дијамантски кристали и е многу лесен за користење, дури и повеќепати во денот. Според светските истражувања над 85% од луѓ