Најновиот одек на технологијата од лабораторијата на Philips, ултра тенките телевизори, Philips Android 4K, од денес, 7-ми ноември ќе можат да се набават на 24 рати, без камата, како резултат на заедничката соработка помеѓу Техномаркет и Стопанска Банка.„Континуирано ги следиме најсовремените технолошки иновации и ги пласираме во нашите продажни салони, со цел да можеме да ги задоволиме потребите и барањата на македонскиот потрошувач за последните и современи решенија од областа на модерната технологија. Можноста што ја нудиме во соработка со Стопанска Банка, е навистина големо олеснување и единствена шанса да се набави еден од Philips Android 4K телевизорите“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.
Карактеристиките и перформансите на револуционерните Android модели на Philips телевизорите, 49PUS7909 и 55PUS7909, беа свечено презентирани во присуство на многу клиенти на Стопанска Банка и Техномаркет. Стручни лица од претставништвото на компанијата Philips од Македонија и обучени тренери од Техномаркет говореа за можностите и предностите на Philips Android ултра тенките 4К телевизори.
Од компаниите и од банката веруваат дека преку поволната можност за купување на овие телевизори на 24 рати без камата, што ќе важи од 7-ми ноември до 7-ми декември, 2014 година, корисниците ќе добијат исклучително искуство и доживување гледајќи ги своите омилени програми во едно поинакво светло и сосема поразлична димензија користејќи ја андроид платформата.„Континуирано ги следиме најсовремените технолошки иновации и ги пласираме во нашите продажни салони, со цел да можеме да ги задоволиме потре