Режисерот Барт Сибрел, верува дека слетувањето на Месечината е креирана измама за да се сврти вниманието на јавноста од војната во Виетнам. Тој веќе 20 години тврди дека слетувањето на Месечината е лажирано, а сега вели дека има доказ со кој може да го потврди тоа.Сибрел вели дека има оригинални снимки на НАСА, на кои се гледа дека трета страна (најверојатно ЦИА) ѝ вели на посадата што да каже и кога при комуникацијата со Земјата. Тој тврди дека астронаутите никогаш не ја напуштиле Земјината орбита и дека не стигнале до Месечината бидејќи тоа е невозможно поради космичкото зрачење. Да беше можно да се патува на Месечината, луѓето наголемо би ги користеле нејзините ресурси досега.
Астронаутите делуваат воздржано на своите оригинални интервјуа. Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, скоро и ништо не рекол во јавноста за своето достигнување.
Сибрел вели дека дошол до необработени снимки на НАСА кои не се објавени во јавноста, а на кои се слуша разговорот помеѓу посадата и трета страна која им дава инструкции кога и што треба да кажат.
Сибрел, којшто го режирал филмот „A funny thing happened on the way to the Moon“, рекол:
„Сметам дека тоа е факт, а не теорија. Во првите три години додека го режирав филмот мислев дека можеби тоа не е вистина. Меѓутоа, дојдов до необработените снимки“.
На снимката се слуша глас што вели „зборувај“, пред Армстронг да се поврзе со штабот на НАСА во Хјустон.
Сибрел верува дека тој глас најверојатно му припаѓа на некој агент на ЦИА кој го потсетува Армстронг кога треба да зборува и што треба да каже.
„Да беше толку лесно да се дојде до Месечината како во далечната 1969 година, досега веќе ќе имаше бази таму“, додал тој.
„Меѓутоа, луѓето нема да поверуваат дека тоа е лага и тој настан за нив е свет. Еднаш прашав професор на факултет дали би поверувал дек Армстронг не чекорел на Месечината кога би се појавил доказ, а тој ми одговори дека не би поверувал“.
Сибрел наведува дека човештвото не можело да чекори на Месечината поради причината која во своите истражувања ги претстави авио-инженерот Вернер фон Браун. Тој рекол дека на околу 400 километри од Земјата се наоѓа појасот Ван Ален, кој е непробоен поради високото ниво на зрачење и дека ракетата која би летала на Месечината би морала да биде со големина на Емпаер стејт зградата и да биде тешка како крузер.
Исто така, Сибрел тврди дека Месечината на секои 48 часа е погодена од бури на метеорити кои би можеле да ги убијат астронаутите и да го оштетат леталото.Сибрел вели дека има оригинални снимки на НАСА, на кои се гледа дека трета страна (најверојатно ЦИА) ѝ вели на посадата што да каже и кога при кому