Доколку сте Риба во хороскоп, слободно можете да им се заблагодарите на ѕвездите за тешкиот и често несфатливиот карактер. Еве десет причини зошто скоро никој не ги разбира Рибите и зошто е тоа потполно во ред.1.Рибите се 12-ти хороскопски знак
Фактот што Рибите се последен хороскопски знак покажува дека луѓето родени под овој знак поседуваат комбинација од карактерите на претходните 11 знаци. Тоа значи дека Рибите постојано ги менуваат своите чувства и чувствата на другите. Оваа постојана борба на каракетрот ги присилува Рибите да ги стават мислите пред чувствата.
2. Рибите секогаш се во потрага по нови искушенија
Рибите секогаш бараат нови работи но, нека не ве обесхрабрува тоа. Тие се среќни и кога имаат некој покрај себе додека ги истражуваат новитетите. Рибите би биле пресреќни кога би можеле да имаат некој кој е откачен и секогаш отворен за нови искушенија. Доколку Рибите почувствуваат дека се заробени многу веројатно ќе се свртат кон својата импулсивна страна и ќе ја зграбат првата прилика за промена.
3. Многу се чувствителни и добродушни
Рибите понекогаш се толку чувствителни што тоа е малку невообичаено, дури и кон непознатите луѓе. Но, тоа може да биде и добро. Кога и да ви треба некој да ве сослуша, Рибата е тука.
4. Имаат проблем со распознавање на реалноста од фантазијата
Рибите се вистински сонувачи, тие брзаат од цел на цел, дури и тогаш кога нивната цел е неостварлива.
5. Секогаш ќе ви пружат рамо за плачење
Рибите се ужано емпатични. Понекогаш туѓите чувства ги ставаат пред своите што може да доведе до хаотична ситуација. Но, од друга страна корисно е да се знае ова бидејќи кога ќе ви затреба рамо за плачење, рибата со задоволство ќе ви го пружи.
6. Најдобро размислуваат кога се сами
Доколку поминете еден час сами во соба, секој би помислил дека со вас нешто не е во ред . но, тоа не важи за рибите, тие не се способни 24 часа во денот да бидат во друштво. Нив едноставно им треба време за себе за да си ги соберат мислите и чувствата.
7. Рибите се интровертни
Тие сакаат да бидат опкружени со нови луѓе, а не се способни да го препознаат моментот кога познанството ќе премине во пријателство. Рибите не знаат да се однесуваат во опкружение на луѓе кои се полни со самодоверба, бидејќи поседуваат вродена љубопитност за животот на другите луѓе.
8. Ги прифаќаат буквално сите
Способни се да го извлечат најдоброто од луѓето. Кај нив важи она „секој е невин додека не се докаже спротивното“. Рибите се вистински „ѕверови за забава“, кај нив секогаш сите се добредојдени.
9. Рибите се пречувствителни
Со Рибите морате да бидете многу внимателни. Внимавајте што зборувате и секогаш бидете искрени околу своите чувства, бидејќи Рибите, освен за своите, чувствителни се и кога се работи за туѓите чувства. Доколку сте под стрес, Рибите тоа можат да го почувствуваат.
10. Потребен им е пример
Рибите во секого бараат пример, бидејќи без пример се чувствуваат изгубено и не се способни сами да одлучуваат за тоа која е нивната цел.1.Рибите се 12-ти хороскопски знак
Фактот што Рибите се последен хороскопски знак покажува дека луѓето родени под овој зна