„Рисовите“ бркаат победа против Бугарија, Давид Бабунски се приклучи кон А-селекцијата!!!

Македонската фудбалска репрезентација на 14-ти август ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Бугарија на „Националната Арена Филип Втори“ со почеток од 20,45 часот.Мораме на победа, се работи за подобрување на рејтингот на нашата национална репрезентација кој се наоѓа на катастрофална позиција на ФИФА ранг листата
Селекторот на нашата национална репрезентација, Чедомир Јаневски, за официјалниот сајт на ФФМ вели дека овој натпревар треба да се сфати премногу сериозно и нема никаков простор за калкулации и експерименти како на пријателските натпревари со Шведска и Норвешка претходно.
„Ова е последна проверка пред квалификациските натпревари со Велс и Шкотска во септември, затоа иако е припремен период во сите клубови, се одлучив да повикам играчи кои имаат минутажа и се активни во своите клубови. Овој натпревар не е за да експериментираме како што направивме со Шведска и Норвешка во јуни, затоа треба да го сфатиме многу сериозно“ вели селекторот Јаневски во изјава за официјалниот сајт на ФФМ.
Еве го составот на нашата национална селекција за дуелот со Бугарија:
Голмани:
Томе Пачовски  (Мехлен-Белгија)
Кристијан Наумовски (Динамо Б.-Романија)
Дарко Тофилоски (Кошице-Словачка)
Одбрана:
Александар Тодоровски (Штурм-Австрија)
Даниел Георгиевски (Стеауа-Романија)
Стефан Ристовски (Латина-Италија)
Николче Новески (Мајнц-Германија)
Ванче Шиков (Волин-Украина)
Даниел Мојсов (Бран-Норвешка)
Даниел Ивановски (Мјалби-Шведска)
Среден ред:
Остоја Стјепановиќ (Висла Краков-Полска)
Стефан Спировски (Борац Чачак-Србија)
Никола Глигоров (Кхазар Ланкаран-Азербејџан)
Давид Бабунски (Барселона-Шпанија)
Напад:
Александар Трајковски (Злуте-Белгија)
Агим Ибраими (Марибор-Словенија)
Иван Тричковски (Беверен-Белгија)
Мирко Ивановски (Астра-Романија)
Горан Пандев (Наполи-Италија)
Адис Јаховиќ (Вил-Швајцарија)
Јован Костовски (Вардар-Македонија
Натпреварот се игра на 14-ти август на „Националната Арена Филип Втори“ со почеток од 20,45 часот.Мораме на победа, се работи за подобрување на рејтингот на нашата национална репрезентација кој се наоѓа на катастрофа

Пронајдете не на следниве мрежи: