Ристовски: Направени се низа реформи во насока на развој на образованието и тоа никој не може да го оспори

Во изминатите десет години во образовна инфраструктура се вложени околу 120 милиони евра, а со дополнителната инвестиција од околу 32 милиони евра ќе ја достигнеме бројката од 150 милиони евра, рече заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на попладневната дебата што ја организираше ВМРО-ДПМНЕ.– Тоа се инвестиции кои се видливи и која ниту една политичка партија не може да ги оспори, истакна Ристовски, додавајќи дека се направени низа реформи во насока на развој на образованието.
Ристовски посочи дека е воведено задолжително основно и средно образование, намалена е партиципацијата за студирање на 200 до 400 евра, а изградени се и 74 комплетно нови училишта и реконструирани се повеќе од 400 училишта.
– Ги намаливме партиципациите на 200 до 400 евра за да можат учениците да размислуваат и за високото образование. Како одминуваат години доаѓаме до европскиот стандард. 71 процент од студентите кои се запишуваат на факултет го продолжуваат и завршуваат високото образование. Образованието е еден од петте приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.
Тој посочи дека во 2006 година за образованието се одвојувале 16 милијарди денари за разлика отсега кога се одвојуваат 10 милијарди денари денари повеќе.– Тоа се инвестиции кои се видливи и која ниту една политичка партија не може да ги оспори, истакна Ристовски, додавајќи дека се направе

Пронајдете не на следниве мрежи: