Ристовски: Развојот на образованието и градењето на Р. Македонија како земја базирана на знаење, наука, технологии и иновации е цврста стратешка определба во политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес  во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, при што се обрати г. Спиро Ристовски. 
Развојот на образованието и градењето на Република Македонија како земја базирана на знаење, наука, информатички технологии и иновации е цврста стратешка определба во политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Во таа насока, во изминатите неколку години реализиравме и сé уште спроведуваме многу проекти, мерки, активности и реформи кои обезбедија бројни бенефиции, поволности и нови можности за основците, за средношколците, студентите, за нивните семејства, за наставниците, професорите и научниците, со кои заеднички низ годините ги дефиниравме приоритетите и ја градевме образовната стратегија.
Македонскиот образовен систем се градеше, надградуваше и развиваше преку континуирано зголемување на буџетот за овој ресор, кој порасна за цели 72,3%, односно од 13,4 милијарди денари во 2006, на 23,1 милијарда денари во 2016. Ова, јасно говори каде е позиционирано образованието во нашата развојна агенда.
Се работи за средства што подеднакво ги вложувавме за подигнување на квалитетот на наставата и инфраструктурата во основното и средното образование, во високото образование, во науката и во спортот.
Во делот на основното и средното образование, фактот што последен пат пред нашиот мандат, пред 2006 година, не се помни кога е изградено новото училиште, беше причина да инвестираме речиси 50 милиони евра за изградба на 74 нови училишни објекти и за санација и реконструкција на приближно 400 постојни. Само во изминатите, без малку 2 години изградивме 14 нови објекти и реконструиравме 50 училишта. Би сакал да најавам дека до крајот на годината, согласно акцискиот план ќе започне да се градат нови 6, а 2 ќе бидат веќе завршени.
Изградивме 51 училишна спортска сала во вкупна вредност од 25 милиони евра. 13 од нив се изградени во последните 2 години. Дополнително, 9 се во фаза на градба, а уште 9 ќе започнат да се градат во втората поливина на оваа година. Тоа е инвестиција со која досега се подобрија услови за спорт и рекреација на повеќе од 40.000 ученици, но и за жителите од населбите,  односно местата во кои што тие живеат. Ова придонесе за развој на училишниот спорт, на рекреативниот, но и на професионалниот.
Образованието до 18 годишна возраст стана задолжително, но и бесплатно. Веќе 7 години обезбедуваме бесплатни учебници за сите ученици во основните и средните училишта, за што, се инвестирани повеќе од 40 милиони евра. А бесплатен е и превозот за учениците кои живеат на повеќе од 2,5 километри од училиштето.
Воведено е деветгодишно основно образование, каде особен акцент се стави на изучувањето на странски јазик уште од најрана возраст, на информатиката, како и на претприемништвото, кое е застапено и во средните училишта.
Во меѓувреме, Република Македонија се издвои како единствена земја во регионот која започна со имплементација на целосно нови наставни програми и учебници по предметите математика и природни науки, за чиишто квалитет гарантира Меѓународниот центар за наставни програми при Универзитетот Кембриџ. Сакам да истакнам дека неодамна овој, најголем светски снабдувач со квалитетни учебници и наставни програми направи извештај врз основа на мониторингот на имплементацијата на оваа реформа кај нас и во него, јасно и недвосмислено констатира дека истата ја постигнува целта, а тоа е поголема интеракција помеѓу наставниците и учениците, подигнување на степенот на креативност во предавањето кај наставниците и во размислувањето кај учениците, како и полесна совладливост и меморирање на потребните информации. Тоа е мотивот поради кој продолжуваме со Кембриџ програмите и учебниците и во средното образование.
Имплементиран е проектот “Компјутер за секое дете“, како е една од најголемите образовни инвестиции. И тој ќе продолжи да се надградува и во периодот што следи. Во минатото, вистинска премија беше во секое училиште да има барем еден компјутер, по можност да биде поврзан на глобалната интернет мрежа.
Во 2013 година по неколкугодишни најави и подготовки, го воведовме процесот на екстерна проверка на објективноста на оценувањето на наставниците и на степенот на постигањата на учениците, кој е пракса и во најголем број од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД. Овој процес ќе продолжи да се надградува и унапредува, затоа што примената ја постигнува целта.
Особено внимание посветивме на зајакнување на воспитно – образовните кадровски капацитети и на проширување на можностите за личен и професионален развој на поединецот. Обезбедивме постојан раст на платите. Од 2006 година до сега, најниската плата се зголеми за 119% од 5060 денари на 11.081 денари, додека највисоката за 67%, од 12.917 денари на 21.521 денари.
Дополнително, како една од суштинските стимулативни и мотивациски мерки за наставниот кадар, извршени се 8000 трансформации на работен однос од определено на неопределено време во изминати неколку години. Во последните две години трансформирани се окулу 3000 лица кои што работат во образовниот процес по различни основи. Ова значи дека кај 8000 лица значително се зголеми нивото на задоволство и сатисфакција од работењето и се обезбеди поголема економска сигурност во нивните семејства.
Една значајна новина која стартуваше пред неколку дена е можноста за целосно стипендирање на секој еден вработен наставник, кој ќе успее да се запише на магистерски или докторски студии на еден од најдобрите 200 светски универзитети од областа на образованието. Време за кое работниот однос му останува во мирување.
Во делот на високото образование многу е важно што континуирано градиме систем, компатибилен со реалните потреби на пазарот на трудот, со што, драстично го намаливме времето на премин од образование кон работа, како системско надополнување на политиките за зголемување на вработеноста во Република Македонија. И тоа очигледно дава резултати врз основа на податоците за отворени 150 000 работни места.
Отворивме 2 нови државни универзитети, 25 факултети и 65 дисперзирани студии. На отворањето на уште два нови универзитети работиме во моментов. Треба да започнат со работа од идната академска година, односно очекуваме значителен придонес од нивна страна кон придонес во високо образовната сфера во земјата и кон создавање на високо квалитетен кадар.
Партиципацијата за студирање неколкукратно ја намаливме и унифициравме. Од некогашните 1000 – 1200 евра, сега на факултет може да се студира за 200, односно 400 евра. Така што, високото образование стана достапно за секој граѓанин, па и за возрасните кои во минатото поради финансиски или некој други причини, не успеале да го заокружат својо образоввен процес , а сега им е достапен проектот 30/35.
Во меѓувреме, започнавме со капитални инвестиции за подобрување на условите во студентските домови. Работа има уште многу на тоа поле. Но, сепак, би споменал дека владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ е единствната која изгради нови сместувачки капацитети во рамки на студентскиот дом Стив Наумов, единствената која се заложи за темелна реконструкција на постојните домови. Во тек е етапна реконструкција на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. По целосното завршување на првата фаза, која предвиде реконструкција на Блокот Б, сега во тек е втората реконструкција на односно реконструкцијата на блокот А. Потоа ќе следат и останатите два блока В и Г и мензата кои што треба да бидат заокружени во 2017 година односно целиот процес на оваа реконструкција да се заврши во текот на 2017 година со комплетна буџетска инвестиција од окулу 6 милиони евра.
На огромно задоволство на идните студенти, но и на дел од сегашните кои планираат и натаму да ги користат услугите за сместување од државата, донесовме одлука за изградба на 3 нови студентски домови, два во Скопје и еден во Тетово. За два од нив, едниот во Скопје, Невена Георгиева Дуња или Медицинар и студенскиот дом во Тетово, веќе е објавена постапка за избор на фирма за изведувач и тие очекуваме во средината на 2016 да почнат со градба и за оваа инвестиција се предвидени 5 милиони евра.
Започнавме постапка за набавка на нов мебел за сите останати студентски домови, во вредност од 1,5 милиони евра. Во тек е јавен повик за фирма која ќе ги замени лифтовите во сите државни студентски домови каде има потреба односно има инсталирани лифтови. Вредноста на оваа инвестиција е отприлика 250 илјади евра. Следната 2017 година студентските домови ќе бидат опремени и со перални и сушални за студентите, како еден од вкупно најавените 40 проекти за младите луѓе од Македонија, кои ќе се реализираат во следниот две до три годишен период.
Во овој дел на инвестициони активности спаѓаат и изградбата на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за физичка култура при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, како и адаптацијата на објекти за Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Како поддршка на студентскиот стандард, изграден е систем за стипендирање, кој нуди повеќе од 40 различни видови на стипендии, меѓу кои и за студирање на најдобрите 100 универзитети во светот, согласно Шангајската листа. Износот на средства за стипендии во 2016 година, во споредба со 2005 е трикратно зголемен, односно од 235 милиони денари порасна на 688 милиони денари наменети за стипендии. Минатата година стипендиите ги зголемивме за 10%, што е исто така уште една неветена, но реализирана мерка.
За максимално правична и транспарентна распределба на стипендиите, како и на леглата во студентските домови, за првпат после 14 години донесовме Закон за студентски стандард со кој што воведовме системи со кои што се избегнува целосната субјективност во спроведувањето на овие распределби.
Од бројните стимулативни мерки за студентите, би ја издвоил последната можноста за бесплатно патување на атрактивна европска дестинација во Париз, Барселона или Венеција, за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјата на националната ранг листа изготвена од Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет. Системска мерка, која се воведе годинава, ќе важи за сите следни генерации за сите студенти кои што ги положиле сите испити и имаат просек од над 9,5.
Набавени се 80 нови современи лаборатории во вредност од 26 милиони евра, како и најнова литература за секој студент преку проектот за превод на  1000 книги и учебници од кои се учи на врвните универзитети во светот, кој прераснува во проект за превод на 1200, бидејќи 200 дополнителни ги набавуваме во оваа фаза и преку кои ќе се отворат дополнителни 6 нови специјализирани читални по примерот по читалната во Град Скопје, каде ќе се користат литературата од овој проект и сите овие учебници ќе станат достапни за студентите во Република Македонија.
Постепено се зголемува и влогот во науката преку разни форми, како финансирање на национални и билатерални научно истражувачки проекти, доделување на научни и творечки субвенции, достапност на литература со меѓународен фактор на влијание. Меѓу сето останато, основан е и Фонд за иновации и технолошки развој со почетен буџет од 10 милиони евра, кој само изминатата година со 1,4 милиони евра преку два јавни повици, поддржа 33 иновативни проекти. односно на средствата за оваа година е дуплиран, односно ќе се распределат 2,65 милиони евра.
Огромна поддршка од сите можни аспекти добиваме од институциите на Европската унија, со што се отворија вратите на европскиот образовен простор за нашите граѓани, преку бројни програми за мобилност, размена и меѓународна соработка, како Еразмус Плус и Хоризонт 2020, кои до 2006 година не беа достапни за нашата земја.
Впрочем и во најголем дел од работите кои ги споменав, во минатото не беа достапни за нашите граѓани, ниту пак некој се сетил да ги обсмисли, предложи или пак реализира. Тоа е разликата помеѓу нас и нашите политички опоненти. Разликата е овој отчет за сработеното! Разликата е во сите остварени, ветени, но и неветени, а сепак реализирани дела, по кои, политичарите треба да се вреднуваат!
Почитувани,
Овде на оваа говорница и во оваа прилика би сакал да потврдам дека и во периодот кој следи ќе продолжиме да работиме неуморно и макотрпно, со ист интензитет и со целосна посветеност кон граѓаните! Ќе продолжиме да даваме уште поголем импулс на заложбите за изградба на современ образовен систем и на поддршката кон секој поединец, особено кон новите генерации, за да го постигнат својот образовен и професионален просперитет. Затоа што, така се сака Македонија!
Граѓаните знаат да препознаат искреност и труд. Така што убеден сум во нивниот правилен избор на 5-ти јуни. Убеден сум во мнозинската поддршка за ВМРО–ДПМНЕ, 10ти пат по ред!
  
Развојот на образованието и градењето на Република Македонија како земја базирана на знаење, наука, информатички технологии и и

Пронајдете не на следниве мрежи: